На 18-тото доделување на меѓународните награди „Мотор на годината“ турбо-бензинскиот PureTech 1.2 на Peugeot се искачи на пиедесталот. Ова ценето признание е сатисфакција за значајниот индустриски и комерцијален успех на овој бензински мотор.
Неодамна се одржа доделувањето на наградите за Мотор на Годината – и меѓународното жири на новинари ја додели наградата „Мотор на Годината за 2017“ на турбо-бензинскиот мотор PureTech 1.2 литри со 3 цилиндри во категорија од 1 до 1.4 литри.