Кинески електронски гигант, релативно непознат на овие простори, за една скроз нефасцинантна сума купи битен дел од Тошиба, прочуениот производител на телевизори, аудио и видео опрема. Претходно за мали пари Кинези го купија и Шарп.
Јапонскиот технолошки концерн „Toshiba“ објави дека ќе добие 600 милијарди јени (5,3 милијарди долари) од продажбата на нови акции, клучен чекор кој ќе му овозможи на конгломератот да остане компанија која јавно се тргува, пренесува „Ројтерс“.