Секоја година Google во соработка со некој од познатите производители на паметни телефони претставува телефон кој што го носи нивниот бренд. За познатите Nexus уреди и нема потреба повеќе да објаснуваме со оглед на нивната огромна популарност.
„Google“ ќе претстави два нови паметни телефони од серијата „Nexus“ на 29-ти септември во Сан Франциско. Според изворите на онлајн изданието „ CNET “ станува збор за компактен модел произведен од „LG“ и предводник кој овој пат ќе е дело на „Huawei“.