Додека ние зборуваме за автономни автомобили, во местата каде не се возат толку многу копнени возила, како на пример Норвешка, се размислува за паметни бродови кои ќе можат да се движат без никаква помош од луѓето.
Фото: Kongsberg Првиот автономен брод ќе заплови во Норвешка наредната година, пишува Verge . Норвешкиот брод наречен Yara Birkeland ќе користи GPS, радар, камери и сензори коишто ќе му овозможат самостојно да плови.