Комисија за лекови формирана со одлука на Владата ќе одлучува дали современата терапија за лекување на канцер која ја побара здружението за борба против рак, „Борка“ ќе се најде на позитивната листа.
Министерството за здравство ги крши правата на пациентите со тоа што не обезбедува современа терапија за лекување на болните од рак, реагираат од „Борка“, Здружението за борба против ракот.