Германската канцеларка Ангела Меркел пред извесно време ја обвини Москва дека се обидува да го зголеми своето влијание во земјите од Западен Балкан и дека сака регионот да го направи економски и политички зависни од Русија.
Kина ја држи вратата со нога - не влегува нагло, ама истовремено и не сака да ~ биде затворена пред нос. Вака хрватскиот филозоф и професор на загрепскиот универзитет, Жарко Пуховски, ги коментира кинеските инвестиции на Балканот.
Пругата од Будимпешта до Белград, која претствува прв дел од брзата пруга, која треба да ги поврзе Унгарија, Србија, Македонија и Грција, треба да биде готова за две години. Договорот вчера го потпишаа Србија и Унгарија со НР Kина во рамките на ...