Ракометарките на Чешка и Русија се новите патници во четвртфиналето на Светското првенство кое овие денови се одржува во Германија. Светските шампионки од пред 8 години не дозволија ново изненадување иако потешко од очекувањето, по дополнителните 10 ...
Вториот осминафинален ден на Светското првенство за ракометарки, во Германија, почна уште повозбудливо од вчерашниот, со едно изненадување и еден инфаркт-натпревар, по кои Чешка и Русија се промовираа во патници меѓу најдобрите осум.
Репрезентацијата на Русија по огромна битка успеа да го скрши отпорот на Јужна Кореја и дури по продолженија од два пати по пет минути славеше со 36-35, пласирајќи се во четвртфиналето од ракометниот мундијал за жени.
Ракометарките на Русија имаа пет победи на пет средби во групната фаза, а се чинеше дека сè води кон шеста победа бидејќи имаа контрола на средбата против Кореја особено во првото полувреме.
Русинките по тешкиот дуел успеаа да го скршат отпорот на Јужна Кореја и по продолженијата славеше со 36-35,со што обезбеди пласман во четвртфиналето од ракометниот мундијал за жени. Женската руска селекција имаше предност, за потоа Корејките да ...