Руската пропагандна државна телевизија Русија24 претера со своите тврдења дека фиџет спинерите се користеле од страна на опозицијата за регрутација на млади луѓе во нивните редови и дека одеднаш оваа „опасна“ играчка станала премногу популарна.
Руското потрошувачко надзорно тело предупреди дека фиџет спинерите би можеле да бидат штетна зависност, откако државната телевизија објави дека играчките можат да ги направат луѓето подложни на пораките од политичката опозиција.
Руската агенција за заштита на правата на потрошувачите ги истражува фиџет спинерите, бидејќи, како што велат од агенцијата, популарната играчка може да биде штетна за здравјето на децата.