Стигна официјлана потврда од Шпанската Фудбалска Асоцијација дека, Кристијано Роналдо ќе паузира во првите пет натпревари од најсилната Ла Лига. Португалецот не е задоволен со оваа одлука и смета дека тој е неправедно казнет.
Кристијано Роналдо ќе мора да ги одлежи и преостанатите три натпревари од казната од пет меча неиграње што му беше изречена по црвениот картон на Суперкупот на Шпанија против Барселона на „Камп ноу“.
Кристијано Роналдо брзо излезе со реакција на одлуката на Судот за спортска арбитража кој што ја потврди неговата суспензија од пет меча за туркање на судијата Рикардо де Бургос Бенгочеа на првиот меч од шпанскиот Суперкуп.