Сите што се уште имаат десктоп компјутер по дома, знаат дека големо задоволство во поседувањето на ваков уред е можноста за лесно проширување, односно подобрување на можностите и перформансите.
Acer презентираше нова идеја за модуларен компјутер, во кој компонентите се инсталираат и менуваат поедноставно од било кога досега. Revo Build e претставен на IFA 2015 конференцијата која се одржува во Берлин.