Насилници им ги кршат колите на Битолчани
Повеќе од два месеца насилници дивеат во битолската населба Боримечка и им ги демолираат автомобилите на овдешните жители. Досега во ноќните часови уништени се повеќе автомобили, а вчера напаѓачите се осмелиле да кршат и среде бел ден.