Пожарот кој избувнал во раните утрински часови на саботата во ноќен клуб во романската престолнина, испратил во болница 44 лица, пишува весникот The Belfast Telegraph. Информацијата беше потврдена од портпаролот на министерот за внатрешни работи.
Романските власти велат дека околу 38 лица биле сместени во болница, откако пожар избувнал во ноќен клуб во главниот град Букурешт, пренесува The New York Times. Огнот се разгорел рано изутринава, а клубот се наоѓа во северниот дел на градот.