TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јанкуловска: Повредени 38 полицајци, приведени 30 демонстранти

Радио МОФ - 06.05.2015

Триесет и осум повредени полицајци, од кои шест посериозно, еден повреден цивил, 30 приведени демонстранти меѓу кои и двајца малолетници и голема материјална штета, е билансот од синоќешните протести пред Владата , информира министерката за ...

Ноќта кога Скопје наликуваше на „бојно поле“

Deutsche Welle - 06.05.2015

Синоќешниот протест во Скопје и полициската акција за негово растурање го привлече вниманието на водечките светски медиуми. Утрово состојбата се нормализира Водечките светски агенции синоќа и утрово информираа за протестите во Скопје, опишувајќи ја ...

(ВИДЕО) Јанкулоска: Вчерашните протести беа вандалски напад врз полицијата

Нова ТВ - 06.05.2015

Вчерашните протести беа вандалски напад врз полицијата, а употреба на прекумерна сила врз демонстрантите немало, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес конференција.

Бурната протестна ноќ во Скопје навестува жежок мај!

Deutsche Welle - 06.05.2015

Веста за протестите во Скопје ја пренесоа многу регионални, но и светски медиуми и агенции, меѓу кои Асошиејтед прес и Вашингтон пост. Дали во МВР функционира паралелна структура? Приведени демонстранти, повредени полицајци, новинари и ...

МВР: Уапсени 30 демонстранти, повредени 38 полицајци

+инфо - 06.05.2015

Дваесет и осум полнолетни и двајца малолетници биле уапсени вчера вечер во Скопје, според Министерството за внатрешни работи, откако полицијата насилно почна да ги растерува демонстрантите кои протестираа против полициската бруталност.

Полицијата со воден топ ги растерува демонстрантите

Фокус - 06.05.2015

Има повредени и приведени. Полицијата ги растерува демонстрантите пред владата со манифетсација на воден топ, е најновиот развој на настаните на Илинденска. Водениот топ беше донесен, но сепак не беше употребен.

Полицајци полесно повредиле неколку демонстранти пред влада

Фокус - 06.05.2015

Со штитовите и со клоци, дел од полицајците повредиле неколку демонстранти, но повредите не се сериозни. Дел од полицајците со удари со штитовите и со нозе повредиле неколку демонстранти пред владата, но повредите не се сериозни.

Повредени демонстранти и полицајци

Фокус - 06.05.2015

Едно лице е потешко повредено и однесено во болница. Четири повредени лица, од кои еден потешко повреден и однесен во болница, ранети полицајци, запален контејнер – ова е епилогот од денешниот протест пред владата.

МВР: Повредени 38 полицајци, а 30 деминстранти приведени во протестите

Макфакс - 06.05.2015

Во протестите пред Владата, коишто започнаа во вторник попладнето и безредијата коишто избувнаа вечерта, 38 полицајци се повредени, од кои шест се задржани на натамошно лекување, а 30 демонстранти се приведени, соопшти министерката за внатрешни ...

38 повредeни полицајци, 30 приведени демонстранти

Вечер Прес - 06.05.2015

Полицијата идентификувала 12 лица преку снимките од безбедносните камери Триесет и осум полицајци се повредени во вчерашните протести пред Владата а шестмина од нив се задржани на лекување, соопшти МВР.

Повредени и приведени на синоќешните протести пред Влада

Макфакс - 06.05.2015

Повредени демонстранти и полицајци, новинари, фоторепортери и приведени демонстранти е билансот од вчерашниот протест пред Влада, откако опозицијата објави аудио разговори меѓу владини функционери за убиството на Мартин Нешкоски.

ВИДЕО: Сценариото на Заев ги наполни болниците со полицајци

Press24 - 06.05.2015

Бројката на повредени полицајци од насилните партиски протести на СДСМ одржани вчера пред зградата на Владата се искачи на 38 полициски слузбеници. - Полицијата вечерва беше предмет на досега невиден брутален напад.

ВИДЕО Полицијата дивјачки тепаше, а провладините мегафони пребројуваат повредени полицајци

+инфо - 06.05.2015

Вкупно 25 полицајци се повредени во синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата пред владата, гласи последната вест на провладините медиуми. Повредените полицајци се примени во поранешната Градска болница и во Клиничкиот центар, а ...

Асошиетед прес за протестот: Насилни судири, повредени полицајци

+инфо - 06.05.2015

Насилни судири избија доцна вечерта во вторникот, на демонстрациите во македонскиот главен град Скопје, на протестите поради смртта на 22-годишник тепан од полицијата за време на постизборната прослава во 2011 година, извести агенцијата Асошиетед ...

Протестите пред Владата разбиени со сила

Призма - 05.05.2015

Протестите по објавувањето на бомбата на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски завршија со разбивање на демонстрантите по улиците. Неколку лица се повредени и пренесени во Клиничкиот центар.

Полицијата ги растера демонстрантите, приведени и повредени повеќе луѓе

24 Вести - 05.05.2015

Мирно и празно пред Владата. Полицијата ги растера демонстрантите, а уништената фасада на Владата, остатоци од јајца, камења , скршени прозорци и полициски пендреци сведочат за тоа што се случуваше денеска.

Воден топ на полицијата пред демонстрантите кај Влада

Нова ТВ - 05.05.2015

Во моментов полицијата ги растера демонстрантите од дворот на Владата и илјадниците граѓани се наоѓаат на улицата пред објектот, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска. Како што растеше тензијата кај граѓаните, така полицијата го губеше ...

(ВИДЕО) Повреден цивил, полицајци и приведени демонстранти

Нова ТВ - 05.05.2015

Четири лица се приведени, ранети се повеќе полицајци а еден човек во цивил е потешко повреден и пренесен во болница. Полицијата ги истурка демонстрантите кои протестираа пред владата и ги турка по улица Илинденска и булеварот кој од Владата оди кон ...

Тензично пред Влада, демонстрантите удираат по штитовите на полицајците

Нова ТВ - 05.05.2015

Расте револтот кај илјадниците демонстранти кои револтирани од прикриеното убиство на младиот Мартин Нешковски денеска веднаш објавувањето на опозициската бомба излегоја на протест пред Владата кој станува се помасовен.

(ВИДЕО) Судири помеѓу демонстрантите и полицијата

Нова ТВ - 06.05.2015

Демонстрантите и полицијата се судрија некаде по 9 часот. Протестите започнаа мирно, но состојбата подоцна ескалираше. Во протестите има и повредени полицијајци и цивили. Претходно, група граѓани што беше собрана на протестот пред Владата, го проби ...

Полицијата ги растера демонстрантите

Нова Македонија - 05.05.2015

Полицијата успеа да ги потисне и растера демонстрантите кои учествуваа во денешниот протест пред Владата Полицијата успеа да ги потисне демонстраните до булеварот „Свети Климент Охридски“ кон Соборниот храм и до улица „Илинденска“ кон Градскиот ...

Десетина повредени полицајци во судирот со граѓаните пред Владата

Нова Македонија - 05.05.2015

Десетина полицајци и еден фоторепортер се повредени, откако дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата на протестот пред Владата на Република Македонија Полицајците успеаја да ги истуркаат граѓаните до булеварот „Свети Климент Охридски“, и покрај ...