Додека едните самостојно се бореа против професорите да организираат протест и одржат окупација со школото, другите се присилени од истите професори да излезат на протест; кога едните се гордееја на различностите другите повикуваат на етничка омраза.
Педесеттина средношколци од Охрид и денеска ги продолжија протестите. Тргнувајки од Електромашинскиот училишен центар, преку охридската гимназија и средното економско училиште, завршија на градскиот плоштад каде останаа десеттина минути.