Два концерта и една детска балетска претставата ќе бидат изведени викендов во Македонската опера и балет, во рамките на фестивалот Мајски оперски вечери. Редок настан ќе се одржи вечерва, во 20 часот - концерт на тројца контратенори.
Во рамките на Малите Мајски оперски вечери, во недела, 29 мај , со почеток во 12 часот , ќе биде изведена популарната претстава за деца „ Петар Пан“ . Петар Пан e лик создаден о д ш к о т с к и от романописец и драматург Џ .М .Бe ри (1860–1937).