TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јајца за зградата на Студентскиот парламент

Нова ТВ - 01.07.2016

По час и половина протест пред Студентскиот парламент, студентите поддржани од поголема група професори и граѓани, во моментот се движат кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Одлуката беше донесена, откако студентите претходно со јајца маваа кон ...

[Фото] Јајца за зградата на Студентски парламент, студентите се упатија кон УКИМ

Радио МОФ - 01.07.2016

По повеќе од еден час скандирање пред канцелариите на Студнтскиот парламент, студентите, заедно со поголема група на граѓани, се упатија кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тие на заминување фрлија неколку јајца кон прозорите на СПУКМ.

Студентите со поддршка од граѓаните тргнаа да си го вратат УКИМ

Фокус - 01.07.2016

Откако се собраа пред канцелариите на СПУКМ и одржаа говори, студентите со поддршка и од обичните граѓаните се упатија кон Универзитетот Свети Кирил и Методи за, како што рекоа, да го вратат во рацете на студентите.

Започна протестот, кордон полиција го чува СПУКМ

Нова ТВ - 01.07.2016

Студенти, професори и други граѓани во моментот пред зградата на Студентскиот парламент со свирежи протестираат револтирани од вчерашните инциденти околу студентските избори, но и на денешното зголемено присуство на полицијата.

ЕБР за СПУКМ

Сакам да кажам - 01.07.2016

Природата ви е убава, ама општеството ви е за никаде. 1 Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на сите ни одржа одржа воспитна лекција, преку акцијата што ја изведе против Универзитетот. Како по книга. Прво, тешко вооружени маскирани полициски единици небаре ...

Студентските избори да бидат поништени, бараат од студентскиот пленум

24 Вести - 01.07.2016

Непостоење на избирачки списоци, украден печати, неводење на евиденција на студентите кои гласаат, исфрлени и влечени студенти, ова е билансот од вчерашните студентски избори на кои Давор Поповски, студент на факултетот за информатика со 3851 ...

[Видео] Студентите пред СПУКМ порачаa: УКИМ е наш и ќе го вратиме во наши раце

Радио МОФ - 01.07.2016

Пред да го започне својот говор на денешниот протест, пред седиштето на Студентскиот парламент при УКИМ, студентката Александра Живковиќ ги покажа модринките на своите раце, здобиени по синоќешните судири со припадници на Единицата за брзо ...

„Студентски пленум“: На суд ќе кажете кој издаде наредба за прекумерна употреба на сила

Мета - 01.07.2016

Студентите од „Студентски пленум“ побараа одговор кој издал наредба за употреба на сила без правна основа со тоа што припадниците на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила се распоредија пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на ...

Полицајците ги заштитувале СПУКМ од боење и ласери

Р.С.Европа - 01.07.2016

СПУКМ во неколку наврати побарал полициска заштита. Полицијата наведува дека се распоредила за да држи безбедно растојани меѓу Парламентот и Пленумот. ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави реакцијата на МВР, СДСМ бара оставка од министерот.

Протест со чадори пред СПУКМ, ректорот закажа вонредна седница в понеделник

Сакам да кажам - 01.07.2016

Студентите и бројни нивни поддржувачи и покрај дождот излегоа на протест пред СПУКМ. Протестираат со чадори и бараат поништување на изборите за претседател на СПУКМ, бараат изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и на ...

Студентите бараат поништување на скандалозните избори

Нова ТВ - 01.07.2016

Изборите за студентско раководство на најстариот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“, се одржаа во скандалозна и насилна атмосфера. Студентите бараат поништување и повторување на изборите.

Давор Поповски - нов студентски лидер

Вест - 01.07.2016

Давор Поповски е новиот претседател на Студентскиот парламент на УКИМ. Со 3.851 освоен глас, тој го победил својот противкандидат Стефан Василевски, кој освоил 1.275. Студентскиот пленум соопшти дека на студентските избори во четвртокот гласале ...

ГАЛЕРИЈА: Студентите се упатија кон УКИМ

Либертас - 01.07.2016

Студентите и граѓаните кои ги поддржуваат од пред зградата на СПУКМ се упатија кон Собранието каде повторно ќе го изразат револтот од скандалозните избори за студентси претставници и полицисата ...

Бурна ноќ во просториите на СПУКИМ

Телма - 01.07.2016

17 часовната студентска изборна драма заврши со полиција и насилно исфрлање и влечење на студенти. Придружени со специјалци, членови на СПУКМ ги донесоа 3-те избирачки кутии, кои претходно со трчање беа однесени во Здравствениот дом позади ...

Пленумот бара одговорност

Телма - 01.07.2016

Студенсткиот пленум бара сите претствабици на студенсткиот парламент да бидат одстранети од органите и телата на Универзитетот. Највуваат дисциплински постапки против сите студенти кои се евидентирани како на матиччните факултети вршат насилство.

„Држава полициска“: Огромен број полиција го чува СПУКМ

Фокус - 01.07.2016

Од 19 часот студенти со поддршка од граѓани почнаа да се собираат пред канцелариите на СПУКМ кај студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу за да го изразат револтот од вчерашните случувања кога студентите насила беа исфрлени од просториите на СПУКМ од ...

ОБНОВЕНО Протест против вандализмот на студентските избори: „Полициска држава“! ФОТО+ВИДЕО

+инфо - 01.07.2016

Студентскиот пленум излезе на протест пред седиштето на СПУКМ со поддршка на Шарената револуција. Студентскиот пленум излезе на протест пред седиштето на СПУКМ со поддршка на Шарената револуција и на многу граѓани кои реагираат против насилството и ...

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

А1 On - 01.07.2016

Демонстрантите се движат кон УКИМ и скандираат „Полициска држава“, „Долу диктатура“, „Стоп за полициската бруталност“ и носат транспаренти „Доста тепате студенти“. Движејќи се кон УКИМ, студентите ја потсетија полицијата дека не смее да влезе во ...

Деструкцијата на СДСМ не наиде на поддршка од студентите (ФОТО)

Курир - 01.07.2016

Академските граѓани не дадоа поддршка на деструкциите на СДСМ. Совесните студенти денес не излегоа на улица повикани од Пленумот бидејќи тие не сакаат да тераат партиска агенда. Но, откако пропадна „Шарената револуција“, платениците на СОРОС и на ...

Пленумците побараа поништување на изборите, најавија пријави до МВР, нов протест и опструкции на СПУКМ (ВИДЕО)

МКД - 01.07.2016

Барам веднаш УКИМ да се произнесе и да го осуди вчерашното насилство. Бараме Универзитетот да не го признае оној срамен и фалсификуван резултат. Бараме сите претставници на Студентскиот парламент да бидат отстранети од телата на Универзитетот.

Протест пред просториите на СПУКМ, се бара поништување на студентските избори

Макфакс - 01.07.2016

Студенти и граѓани во петок попладне се собраа пред просториите на СПУКМ за да го изразат својот револт од неправилностите за време на изборите за претседател на СПУКМ, истовремено и да протестираат заради полициската бруталност.

(ВИДЕО) Студентите скандирааат „СРАМ“

Либертас - 01.07.2016

Студентите скандирааат „СРАМ“ пред просториите на Студентскиот парламент. Вчерашните избори, чија нерегуларност (покрај ливчињата без печат, обмотаните кутии, носењето студенти и поранешни студенти пленови на УМС да гласаат )кулминираше со насилно ...

ФОТО: Кој е претставникот на Студентски Пленум кој вчера се закануваше со ладно оружје?

Курир - 01.07.2016

Претставници на Студенсткиот Пленум, мотивирани од СДСМ, синоќа направија вистински хаос со цел да го блокираат гласањето за нов студентски лидер. Тие пцуеа, навредуваа и удираа студенти, покажуваа агресија и правеа хаос, но еден од нивните ...

Употреби ли полицијата прекумерна сила? – Студентскиот пленум не ги признава резултатите од гласањето

ТВ21 - 01.07.2016

Членовите на Студентскиот пленум не ги признаваат резултатите од изборите за лидер на Студентскиот парламент при УКИМ. Според нив тие се нелегитмни и нерегуларни. Обвинија дека полицијата синоќа употребила прекумерна сила за да ги растера студентите ...

ФОТО: Платените насилници од Пленумот го повредија Кирил Спироски

Курир - 01.07.2016

Досегашниот студентски лидер Кирил Спироски синоќа беше повреден за време на хаосот создаден од претставници на Студентскиот Пленум. Тие прво вербално, а потоа и физички го нападнаа Спироски кој има видливи повреди.

Или ние - или тие!

Окно - 01.07.2016

Мислам дека е време да престанеме да се правиме фини, академски културни, та дури и наудрени и да почнеме настаните од последниов месец да ги именуваме со вистинското име, а тоа е смислена окупација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во ...

ВИДЕО: Силно полициско обезбедување пред СПУКМ

Либертас - 01.07.2016

Силно полициско обезбедување пред СПУКМ каде во моментов се собрани студенти и нивните поддржувачи револтирани од нерегуларните избори за студентски претставници и полициската бруталност врз ...

(ВИДЕО) Почна протестот пред СПУКИМ – силно полициско обезбедување

Локално - 01.07.2016

Почна протест пред СПУКИМ поради нерегуларните избори за претседател на Студентскиот парламент и поради вчерашното полициското насилство врз студентите кои протестираа синоќа. Почна протестот против полициската бруталност врз студентите #СЈО ...

Студентски пленум: Вчера непознато лице извади нож и тргна кон друго лице. Го отстранивме. Полицајците рекоа дека не се ...

Либертас - 01.07.2016

Соопштение на Студентски пленум: Ја известуваме јавноста дека вчера во вечерните часови пред седиштето на СПУКИМ при носењето на гласачките кутии, имаше обид за инцидент со ладно оружје. Непознато лице извади нож и тргна кон од едно од лицата кои се ...

Давор Поповски од ФИНКИ е новиот студентски лидер

Алфа - 01.07.2016

Во наредните две години со СПУКМ ќе раководи Давор Поповски од ФИНКИ. Од 5264 студенти кои вчера излегоа на гласање, довербата на Поповски му ја дале 3851 студент, неговиот против кандидат Стафан Василевски доби 1275 гласови.

Платениците од „Шарената револуција“ со поддршка за насилните студенти од Пленумот

Курир - 01.07.2016

Најгласните поддржувачи на СДСМ, кои земаат огромна сума на пари од СОРОС за да дивеат низ Скопје и да уништуваат се пред себе, по пропаѓање на „Шарена револуција“ се придружија на Студентскиот Пленум.

Немили сцени и меѓусебни обвинувања при изборот на нов лидер на студентите при УКИМ

Сител - 01.07.2016

Студентите го избраа новиот претседател на парламентот. Со 3851 гласа за Давор Поповски е новиот предводник на академските граѓани кои студираат на УКИМ. На вчерашните избори на кои имаше двајца кандидати, гласале 5 264 студенти од сите 23 факултети.

Студентскиот пленум најави протест, СДСМ го поддржува

Р.С.Европа - 01.07.2016

Студентскиот пленум бара одговорност од МВР за вчерашното однесување на полицајците за време на блокадите и најави протест за вечерва пред зградата на Студентскиот парламент. Пленумци бараат да се поништат изборите за претседател на СПУКМ.

Власта тренира строгост

Р.С.Европа - 01.07.2016

Професор Ферид Мухиќ вели дека употребата на сила против академски граѓани е заштитен знак на диктаторски режими. На овој начин, власта вежба употреба на сила, но и им се заканува, не само на студентите, туку на сите граѓани, вели тој.

АНКЕТА: Дали треба да се поништат студентските избори на УКИМ?

Факултети - 01.07.2016

Студентите од најголемиот македонски Универзитет Св. Кирил и Методиј“ избраа нов студентски лидер, но во многу тензична атмосфера каква што не доликува на УКИМ. Обвинувања за нерегуларности, за крадење на гласачки кутии, протести, бојкот од страна ...

[Видео] Студентски пленум повикува на протест и бара поништување на изборите

Радио МОФ - 01.07.2016

Студентски пленум најави протест за вечерва во 19 часот, со кој ќе побара да се поништат изборите за претседател на Студентскиот парламент при УКИМ, а воедно ќе побара и одговорност од Министерството за внатрешни работи, поради како што велат, ...

Давор Поповски - нов претседател на студентите на УКИМ

Канал5 - 01.07.2016

Давор Поповски со 3851 глас е новиот претседател на студентскиот парламент. Студентите заслужуваат да добијат лидер кој ќе ги води напред и ќе ја тргне дамката која беше нанесена во изминатите години, вели Попоски.

Поповски: Очекувајте напорна работа и многу проекти за студентите

Курир - 01.07.2016

Студентите заслужуваат да добијат лидер кој ќе ги води напред и ќе ја тргне дамката која беше нанесена во изминатите години, истакна Давор Поповски, новиот претседател на СПУКМ. -Воедно сакам да му честитам на мојот против-кандидат кој беше фер и ...

Ректорот Јанкуловски молчи за вчерашните инциденти

Нова ТВ - 01.07.2016

Новиот ректор Никола Јанкуловски утринава не одговара на телофонските повици и СМС пораки од редакцијата на НОВА поврзани со вчерашниот скандалозен избор на нов претседател на Студентскиот Парламент.

Не сте вие наши колеги, вие сте џган

Либертас - 01.07.2016

Долго се расправаме за губењето на сите образовни критериуми на УКИМ. Долго се спориме за „нормалноста“ на вредносното упропастување на студентите со партиската корупција кон нив и нивните амбиции и животи на УКИМ.

Вечерва во 19 часот студентите ќе протестираат пред СПУКМ

+инфо - 01.07.2016

Студентите бараат одговори од МВР кој издал наредба за насилство врз нив и најавуваат кривични против министерот Чавков. Студентскиот пленум ќе излезе на протест пред седиштето на СПУКМ вечерва во 19 часот и при тоа ги повикува сите граѓани, ...

Професорски пленум: Најсрамниот ден во историјата на УКИМ

+инфо - 01.07.2016

Пленумот бара од Ректорот, Ректорската управа и Сенатот на УКИМ да не ги признаат вчерашните криминални избори. Реакција на Професорски пленум во врска со вчерашните избори за студентски лидер на УКИМ: „На 30.06.2016 се одржаа избори за претседател ...

(ВИДЕО) Студентски пленум повикува на масовен протест пред СПУКМ

А1 On - 01.07.2016

Студентскиот пленум во 17 часот ќе протестира пред седиштето на Студентскиот парламент при УКИМ, најави Ивана Туфегџиќ. Во име на Студентскиот пленум, таа побара Универзитетот веднаш да го осуди ова насилство и да ги исклучи од органите и телата на ...

Специјалци ги растераа студентите од пред СПУКИМ

Телма - 01.07.2016

Бурна ноќ со влечење и насилно исфрлање на студенти од пред влезот на студентскиот парламент и бегање на поранешниот лидер Кирил Спироски и тројца други претставници на СПУКУМ со асистенција на полициските сили за брза интервенција.

Текстот ги виде кутиите, ама не ги виде специјалците

СПФМ - 01.07.2016

[Рецензија: Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ] Ова е текст кој како да известува за работи што не се случуваат во Македонија, туку некаде во Индија… Она што фрапира е што е невозможно покрај сите работи кои се појавија низ ...

(Видео) почна протестот пред СПУКИМ

Репортер - 01.07.2016

Протест пред СПУКИМ поради нерегуларните избори за претседател на Студентскиот парламент и поради полициското насилство врз студентите кои протестираа вчера. Голем број на студенти, професори и граѓани се излезени на ...

МОФ бара да се поништат изборите за студентски лидер

+инфо - 01.07.2016

Вчерашниот ден е означен со најкриминалните студентски избори и погазување на студентските права на најголемиот и најзначаен универзитет во Македонија Да се поништат изборите за СПУКМ и институциите да понесат одоговорност за тепањето на студентите, ...

Давор Поповски-нов лидер на СПУКИМ

Телма - 01.07.2016

Во четири часот изутрината од Студенскиот парлемент стигна соопштение во кое беше обајавен новиот претседател на СПУКИМ- Давор Поповски кој освоил над 3.800 гласови, а за Стефан Василевски гласале повеќе од 1.200 студенти.

(ВИДЕО) Петкова: Има повредени студенти при интервенцијата на ЕБР, точна бројка во текот на денот

А1 On - 01.07.2016

Се уште немаме официјална бројка за повредени студенти, информацијата ќе ја кажеме во текот на денот, рече Магдалена Петкова од Студентскиот пленум на прашање колку студенти се повредени при интервенцијата на ЕБР.

Средношколски пленум: Поддршка за Студентски пленум, бараме одговорност од надлежните

Либертас - 01.07.2016

Соопштение на Средношколски пленум: Почитувани, Средношколскиот Пленум изразува загриженост и револтираност по вчерашните настани поврзани со изборот за нов претседател за Студентскиот Парламент на УКИМ, што беше „школски пример“ за изборна кражба, ...