Meizu е еден од производителите кој на пазарот нуди прилично моќни смартфони, но со исклучително ниски цени . M5 Note е најновиот модел во нивната понуда, кој има многу солидни перформанси и прилично ниска цена на кинескиот пазар.
Meizu конечно официјално го претстави смартфонот M5 Note, за кој медиумите пишуваат веќе неколку месеци. Уредот пристигнува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1080p, MediaTek Helio P10 чипсет со 3 GB RAM и избор помеѓу 16/32 GB вградена меморија.