TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Концертот на Стинг во Скопје - настан на деценијата...

Н.Македонија - 17.10.2017

Листата на песните беше составена од најголемите хитови што ги потпишува Стинг од времето кога беше во „Полис“, како и од неговата соло-кариера По многу години и голем број музички настани, конечно Македонија доби концерт на изведувач од светската ...

Стинг се раздели со пентхаус во Њујорк од 50 милиони долари

Локално - 17.10.2017

Ѕвездата што пред само два дена настапи пред скопската публика Стинг, како и неговата сопруга Труди, го продадоа својот пентхаус со поглед на Централ Парк во Њујорк за 50 милиони долари, објави “Дејли мејл”.

Стинг во Скопје: Соврешена музика и воодушевена публика

+инфо - 16.10.2017

Во салата владееше екстатична атмосфера, публиката во транс заедно со него ги пееше неговите хитови. Безвременските хитови „Englishman in New York“, „Desert rose“, „Everybreath you take“, речиси не постои љубител на музиката чие срце не го допреа ...

Кој мисли на избори кога Стинг е во Скопје?

Идивиди - 16.10.2017

ЕДНОСТАВНО ОДЛИЧНО Помина и тоа...Концертот на Стинг што беше распродаден со рекордна брзина, за наша среќа или несреќа, се падна во ден на локални избори. Сепак, на повеќето кои дојдоа да го слушнат во живо, политиката им беше последното нешто на ...

Англичанец во Скопје: Треба да се вратиме тука!

Кајгана - 16.10.2017

Музичката легенда Стинг синоќа одново ги освои срцата на неговите обожаватели. Очекувањата беа огромни за концертот на големиот музичар, а тој на публиката ѝ приреди концерт за паметење и раскажување.

Македонската публика доби ветување од англискиот џентлмен дека повторно ќе дојде во Скопје

МКД - 16.10.2017

Англискиот џентлмен, младолик рокер и романтичен џезер Гордон Метју Томас Самнер, во светот познат како Стинг, со бендот во кој настапува и неговиот син, Џои Самнер, ја воодушеви скопската публика на концертот одржан на 15 октомври во ВИП-арената ...

Стинг, пак да ни дојдеш!

Факултети - 16.10.2017

Скопје, ќе дојдеме повторно! – вака на седумилјадната публика во „Борис Трајковски“ синоќа ѝ се заблагодари големата музичка ѕвезда Стинг. Првиот концерт во Македонија во неговата кариера, која веќе четири децении не стивнува, го крена Скопје на ...

Стинг победи вечерва, би се вратил во Скопје, публиката во еуфорија

Сакам да кажам - 15.10.2017

Стинг победи вечерва, едногласна е реакцијата на публиката во салата „Борис Трајковски“, за вечерашниот концерт на легендарната британска рок ѕвезда во Скопје. „Ви благодарам, треба да се вратиме повторно“, рече Стинг по вториот бис со „Кршливо“ ...

Тајна е каде ќе престојува Стинг во Скопје, си носи сопствен готвач

Сакам да кажам - 16.10.2017

Британската рок легенда ќе слета во Скопје околу 15 часот со приватен авион „Ембраер“ од Будимпешта за вечерашниот концерт во салата „Борис Трајковски“. Тој немал никакви специјална барања, бидејќи доаѓа со сопствени продукција, готвач и кетеринг.

Со задоволство би дошол пак, изјави Стинг по спектакуларниот концерт во Скопје

Сакам да кажам - 16.10.2017

Легендарниот британски музичар Стинг порача дека со задоволство би се вратил во Скопје, одржувајќи спектакуларен концерт во салата „Борис Трајковски“, што успеа да ја распродаде во еден ден неколку месеци порано.

Англичанецот направи безвременски концерт: Стинг го одведе Скопје во друга димензија!

Вистина.мк - 16.10.2017

Дека тој е една од најголемите живи музички ѕвезди на планетава е оддамна познато. Дека влезниците за неговиот концерт пламнаа за два часа, откако беае пуштени во продажба, исто така. Уште од самата најава дека Гордон Самнер Стинг доаѓа во Скопје ...

Македонскио пејач збесна на концертот на Стинг - еве што го налути

Press24 - 16.10.2017

Синоќа во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, легендата на светската рок-сцена Стинг одржа концерт за паметење, во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“, а таму беше и Панчо ДНК, па еве што го налути ...

(Видео) Концертот на Стинг го исполни сонот на браќата Авалон

Репортер - 16.10.2017

Вчеравечер во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа долгоочекуваниот концерт на Стинг. Бобан Милошески, сопственикот на Авалон продукција, овој концерт му го посвети на својот починат брат Даниел.

Стинг го поздрави Скопје на македонски

Press24 - 15.10.2017

Легендата на светската рок-сцена Стинг вечерва одржува концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум. Неговата промотивна турнеја почна во февруари годинава и ги ...

Историски музички спектакл – Стинг ја воодушеви публиката!

Точка - 16.10.2017

Вчеравечер легендарниот британски музичар Стинг одржа концерт во Скопје кој во нашата музичка историја ќе биде запишан како еден од најспектакуларните. Публиката што беше присутна во арената „Борис Трајковски" сведочеше за светски музички настан на ...

Панчо ДНК изреволтиран на концертот на Стинг, па „удри“ по некои од присутните!

Вистина.мк - 16.10.2017

Синоќа во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, легендата на светската рок-сцена Стинг одржа концерт за паметење, во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“. Помеѓу присутните имаше и многу од јавните личности од Македонија.

(ФОТО) Спектакуларен концерт: Додека се броеа гласачките ливчиња Стинг го „запали“ Скопје

еМагазин - 16.10.2017

Додека во изборните места се броеа гласовите од локалните избори легендата на светската рок-сцена Стинг вчера ја „запали“ скопската публика на концертот што се одржа во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на неговата светска турнеја ...

Стинг со феноменална изведба во Скопје!

ЗаЗабава - 16.10.2017

Концертот на Стинг што беше распродаден со рекордна брзина се одржва вчера вечер, на денот на самите избори, но на оние кои дојдоа да го слушнат во живо, политиката им беше последното нешто на кое што размислуваат додека ги пеат неговите најголеми ...

Стинг го запали Скопје, публиката два пати го врати на бис

А1 On - 16.10.2017

Легендарниот Стинг синоќа одржа спектакуларен концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што публиката, помеѓу која што имаше луѓе од сите генерации, бурно реагираа на секоја негова песна.

Стинг го запали Скопје, публиката два пати го врати на бис

Скопје24 - 16.10.2017

Легендарниот Стинг синоќа одржа спектакуларен концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што публиката, помеѓу која што имаше луѓе од сите генерации, бурно реагираа на секоја негова песна.