Македонскиот репрезентативец, Јетмир Емрули загуби во 2. коло на Европското првенство кое деновиве се одржува во Марибор, Словенија, со учество на 523 натпреварувачи од 39 европски држави.
Единствениот наш претставник на Европското превнство во кик бокс во Марибор, Јетмир Емрули, е поразен во првиот настап. Емрули настапи во категоријата до 71 килограм во К-1 и беше совладан со 3-0 од Мирослав Смолар од Словенија.