Како и за повеќето нешта и за архитектурата може да се каже дека мора да почитува одредени правила. Објектите коишто ги гледаме околу себе честопати се компромис меѓу архитектите и инвеститорите.
Италијанскиот архитект Ренцо Пиано е човек кој создава објекти кои стануваат симболи на архитектурата на нашето време. Тој е еден од најпознатите и најзначајните автори на современи архитектонски дела, изградени низ цел свет.