Венчаница, фустани за мајките и старосватиците, цвеќе, декорации, накит, чевли… барањето и купувањето на овие и на сите други многу важни работи потребни за свадбата на една невеста бара совршена организација и многу време.
Традиционално по осми пат, од 23 до 25 февруари во хотелот „Александар Палас" ќе се одржи саемот за венчавки „Wedding Weekend Expo 2018", каде идните младенци може да се информираат за сите новитети кога е во прашање свадбената церемонија.