Високата невработеност и стагнацијата на економскиот раст во земјите од еврозоната сега, се директна последица на лошата фискална политика во справувањето со кризата во сиот период претходно.
Александра ТОМИЌ Европската економија, особено таа во еврозоната, е преслаба за да креира нови работни места, невработеноста останува клучен европски проблем.
Мерките на буџетската економија кои ги воведоа земјите од еврозоната како одговор на должничката криза беа "катастрофална грешка", а економскиот раст во регионот е прекинат.