Квалитетот на спермата ќе се проверува со мобилен? Истражувачки тим од Бостон создал систем кој комбинира мобилна апликација и хардверски додаток за паметни телефони со кој ќе може мажите сами да го проверат здравјето и квалитетот на својата сперма.
Научниците креираа додаток за смартфон, кој со 98% сигурност може да го открие бројот на дефектната сперма во семето на мажите за само неколку секунди. Оптичкиот додаток само се прицврстува на задната страна од телефонот околу камерата.