Фото: Bank of England Централната банка на Англија во вторникот ја претстави првата пластична банкнота од 10 фунти. Банкнотата е претставена по повод 200 години од смртта на писателката Џејн Остин, чиј лик се наоѓа на едната страна.
"Банката на Англија" ја промовираше првата пластична банкнота од 10 фунти, на која се наоѓа ликот на писателката Џејн Остин. Новата банкнота официјално ќе биде пуштена во оптек на 14 септември.
Марк Карни гувернерот на Банката на Англија на свечена промоција во катедралата Винчестер ја откри првата пластична банкнота од десет фунти, која ја краси ликот на британската писателка Џејн Остин.