TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ериксон го тужи Епл за патентни права

Вечер Прес - 27.02.2015

Компанијата Ериксон денеска соопшти дека поднела тужба до американската Меѓународна трговска комисија (ИТЦ) со која бара забрана за производите на Епл во кои се вградени патенти на кои Ериксон има право и кои се неопходни за 2Г и 4Г/ЛТЕ стандардите.

Apple закажа настан за 9-ти Март, се очекуваат повеќе информации за Apple Watch

Smartportal - 27.02.2015

По претставувањето на Apple Watch во Септември минатата година, Tim Cook минатиот месец најави дека неговата продажба ќе започне од Април оваа година . За првиот паметен часовник од Apple беа дадени доста информации, но сепак поголемиот дел од нив ...

Apple го објави датумот на Apple Watch настанот

365 - 27.02.2015

Apple штотуку го објави долгоочекуваниот Apple Watch настан. Тој ќе се одржи на 9-ти март. Компанијата денеска ги покани медиумите привилегирани да присуствуваат, во Yerba Buena Center во Сан Франциско.

Apple Watch ќе означи точно време на 9 март

Телефони.мк - 27.02.2015

Apple закажа нов промотивен настан на 9-ти март во Сан Франциско кога ќе го открие целосно својот прв смарт часовник Apple Watch и на тој начин ќе ја започне официјалната продажба на пазарот.

Зошто корисниците може да не го засакаат Apple Watch

Локално - 25.02.2015

Очекуваниот Apple Watch цели да се грижи за нашето здравје и добра форма, но дали тоа ќе биде доволна мотивација за луѓето да си го купат. Apple Watch веќе го направи својот прв настап на насловната на магазинот Self во САД, во која се нагласува ...

Apple гради европски податочни центри кои ќе се напојуваат со обновлива енергија

IT.mk - 24.02.2015

Apple гради два нови дата центри во Данска и Ирска кои ќе се напојуваат во целост со обновливи извори на електрична енергија. Центрите кои чинат 1,7 милијарди евра ќе бидат користени за онлајн сервисите на Apple како: iTunes Store, App Store, ...

Apple казнет со 533 милиони долари: Еве што се случува кога некој ќе украде нечија интелектуална сопственост

Точка - 25.02.2015

Компанијата Smartflash подесе тужба во месец мај 2013-тата година, наведувајќи дека софтверот на Apple, iTunes, ги прекршува нивните патентирани права кои се однесуваат на пристапот и складирањето на преземените песни, видео содржини и игри.

„Apple“ ја планира најголемата инвестиција во Европа

Порта 3 - 25.02.2015

Американската компанија „Apple“ во својата објава за медиумите откри дека планира да инвестира 1,9 милијарди долари во изградба на два дата-центри кои за работа ќе користат исклучиво обновливи извори на енергија и дека ќе се отворат стотици нови ...

Apple мора да плати 533 милиони долари казна за патенти

Бизнис Инфо - 26.02.2015

Светскиот технолошки гигант Apple мора да плати казна од 532,9 милиони долари откако федералната порота во Тексас утврди дека софтверот на iTunes содржи три патенти на компанијата Smartflash LLC, пишува Ројтерс .

Apple треба да плати 532,9 милиони долари за случај поврзан со патенти

Денар - 25.02.2015

„Apple“ треба да плати 532,9 милиони долари, откако федералниот суд во Далас одлучи дека софтверот на компанијата „iTunes“ користел патентирани пронајдоци на компанија од Тексас, без да побара дозвола за тоа, пренесува „ Bloomberg “.

Apple треба да плати 533 млн. долари поради кршење на паметните правила

Макфакс - 25.02.2015

Компанијата Apple треба да плати 532,9 милиони долари откао сојузната порота утврдила дека софтерот на технолошкиот гигант за iTunes содржи три патенти во сопственост на тексашката компанијата за лиценцирање на патенти Smartflash.

„Епл“ казнет за кршење патентни права

Lider - 26.02.2015

Компанијата „Епл“ (Apple) мора да плати 532,9 милиони долари, откако сојузната порота утврдила дека софтверот на технолошкиот див за iTunes содржи три патенти во сопственот на тексашката компанија за лиценцирање на патенти Smartflash.

Автомобилот на Епл доаѓа во 2020-та година?

Press24 - 23.02.2015

Се повеќе зачестуваат информациите дека Епл работи на автомобил. Bloomberg открива дека компанијата веќе започнала со работа на својот прв електричен автомобил, кој би бил откриен кон почетокот на 2020-та година.