TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Темелковски за „Фокус“: На 29 октомври очекуваме потврда на победата во Кисела Вода

Фокус - 17.10.2017

Кандидатот за градоначалник за Кисела Вода од СДСМ, Филип Темелковски за „Фокус“ изјави дека во вториот круг очекува да се потврди неговата победа од првиот круг. -Во вториот круг планираме иста кампања како во првиот.

Битка со (не)извесно финале во вториот круг

24 Вести - 17.10.2017

Тесна трка ги очекува поголем дел од кандидатите за градоначалници во вториот круг од локалните избори. Во најголем дел од неа останауваат токму поголемите парламентарни партии. Бројките од ДИК укажуваат на најнеизвесна трка во неколку града.

ВМРО-ДПМНЕ за десет месеци изгуби 120.000 гласови

+инфо - 17.10.2017

Oва е најголем број општини во историјата на земјава кои уште во прв круг добиле градоначалници, односно 47 победи во вкупно 80 општини и Град Скопје. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ загуби околу 120.000 гласови на овие локални избори во однос на ...

Кој против кого во вториот изборен круг

Р.С.Европа - 17.10.2017

Без градоначалници во првиот круг останаа 35 општини во Македонија. Битката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се одвива во 20 општини, од кои во 14 води владејачката партија, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ има предност во шест. општини.

Коалиции во албанскиот блок за вториот круг: „Алијансата“ – Беса, ДУИ – СДСМ

Макфакс - 17.10.2017

Од партијата Беса информираат дека официјално сè уште нема договор за заемна поддршка со „Алијансата за Албанците“, но ја потврдија веста дека кандидатите за градоначалници веќе се договараат на локално ниво.

Заев: Не размислувам за предвремени парламентарни избори

МРТ - 17.10.2017

Засега не размислувам за предвремени парламентарни избори, вели премиерот Заев. Во фокусот се вториот круг од локалните, но и носењето сериозни одлуки. Партиите од албанскиот политички блок со свои калкулации.

Колку од 19 те општини каде се тркаат кандидатите на ВМРО ДПМНЕ ќе ја обојат политичката мапа?

Алфа - 17.10.2017

Во Јегуновце и Бител победдникот можат да го обезбедат гласовите на Беса од првиот круг, во Старо Нагоричане и Чашка - гласачите што ги поддржале кандидатите на Народно движење за Македонија.

Изборот на тетовски градоначалник зависен од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ...

Н.Македонија - 17.10.2017

Изборот на тетовски градоначалник зависен од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Членовите на тетовските општинските ограноци на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ најавуваат дека ќе гласаат и во вториот круг за избор на градоначалник на Тетово, иако немаат свој ...

Албанските партии и вториот круг- равенка со многу непознати

Deutsche Welle - 17.10.2017

Во општините каде етничките Албанци се мнозинство, битката во вториот изборен круг ќе биде една од најинтересните и најжестоките. Можни се секакви коалиции и договори, но засега никој не ги отвора „картите“ Резултатите од првиот круг на локалните ...

(ВИДЕО) 360˚ВМРО-ДПМНЕ изгуби 121 илјади гласови за 10 месеци

iPortal - 17.10.2017

ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и БЕСА изгубија … СДСМ, Алијансата на Албанците и ДУИ добија… Таков е заклучокот за успехот на партиите на локалните избори, ако за репер се земат гласовите кои граѓаните ги дадоа за листите за советници.

Дебакл на ВМРО-ДПМНЕ, сите ја чекаат оставката на Никола Груевски

МКД - 17.10.2017

На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ доживеа голем пораз. На последните парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ гласаа 456.000, а во неделата, на локалните избори, само 10 месеци по парламентарните, за оваа партија гласаа 335.000 гласови или за околу 120.000 ...

На 29 октомври ќе се гласа во 35 општини

А1 On - 17.10.2017

На 29 октомври ќе се гласа за избор на градоначалник во останатите 35 општини кои не добија градоначалници во првиот круг од локалните избори. Во вториот круг СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во 19 општини, ДУИ и Алијанса за Албанците во пет, ...

На 29 октомври ќе се гласа во 35 општини, СДСМ е во предност во 14, ВМРО-ДПМНЕ во 6

МКД - 17.10.2017

Втор круг од локалните избори на 29 октомври ќе се одржи во 33 општини - во 14 од нив во водство е кандидатот на СДСМ, а во шест на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг кандидатите не успеале да освојат 50 отсто од бројот на гласачите што излегле.

Во кои скопски општини продолжува битката меѓу СДСМ и ДПМНЕ?

Фактор - 17.10.2017

Цело Скопје повеќе не е вмровски град, всушност по првиот круг на изборите ВМРО-ДПМНЕ не победи во ниту една скопска општина, ниту пак има предност во однос на својот политички ривал. Напротив, СДСМ уште во првиот круг успеа да победи убедливо во ...

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВТОР КРУГ: Каде ќе се кршат копјата на 29 октомври?

Фактор - 17.10.2017

Во некои општини неизбежен е втор круг за да се реши кој ќе биде градоначалник. На 29 октомври ќе се прегласува во 35 општини во кои ниту еден кандидат за градоначалник не доби потребно мнозинство од гласови.

Пребројани 100 отсто од гласовите: Како изгледа изборната мапа по првиот круг од локалните избори?

еМагазин - 17.10.2017

СДСМ во првиот круг од локалните избори освои 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две и Демократската партија на Турците едно. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за ...

14 општини во кои СДСМ влегува со предност во вториот круг и 6 општини во кои води ВМРО-ДПМНЕ

Сакам да кажам - 17.10.2017

Во вториот круг од локалните избори на 29 октомври, СДСМ ќе влезе со предност во 14 општини, додека ВМРО-ДПМНЕ во 6 општини. Според податоците на Државната изборна комисија, по првиот круг СДСМ победил, но го нема потребниот број од над 50 отсто од ...

Темелковски: На 29 октомври очекуваме потврда на победата во Кисела Вода

Локално - 17.10.2017

Кандидатот за градоначалник за Кисела Вода од СДСМ, Филип Темелковски за „Фокус“ изјави дека во вториот круг очекува да се потврди неговата победа од првиот круг. -Во вториот круг планираме иста кампања како во првиот.

За 10 месеци, ВМРО ДПМНЕ изгуби четвртина од своите гласачи

Телма - 16.10.2017

Првпат во оваа деценија, ВМРО-ДПМНЕ падна под 400-тини илјади добиени гласови, бројката од нешто повеќе од 335 илјади гласови на општинските советнички листи е поблиску до триста илјади отколку до редовниот резултат на партијата која ја води ...

Каде и кој со кого ќе бие битка за градоначалник во втор изборен круг?

Таратур - 17.10.2017

Без градоначалници во првиот круг останаа 35 општини во Македонија. Битката меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе се одвива во 20 општини, од кои во 14 води владејачката партија, додека опозициската ВМРО ДПМНЕ има предност во шест. општини.

ДИК: Изборите беа согласно законот, во фер и демократска атмосфера

24 Вести - 16.10.2017

Над 59 проценти од граѓаните во Македонија вчера избраа градоначалници во 45 општини. Првичните податоци од ДИК велат дека најголем дел од нив или 38 ги освоија кандидатите од СДСМ. Во прв круг, најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ги запечати ...

Локалните избори ги урнаа традиционалните бастиони на ВМРО-ДПМНЕ

Глас на Америка - 16.10.2017

Пред четири години оваа партија имаше 56 градоначалници а СДСМ 4. По вчерашните избори може да се надева на најмногу 10 од кои само два ќе бидат поголеми градови. Резултатите од гласањето на првиот круг од локалните избори ги изненади и најголемите ...

45 општини добија градоначалници, втор круг ќе има во 35 општини во Македонија

ТВ21 - 16.10.2017

45 општини добија градоначалници во првиот круг на локалните избори. Според информациите објавени на интернет страницата на Државната изборна комисија, 35 општини свој градоначалник ќе добијат во вториот круг на шестите локални избори.

Таравари добива поддршка од Беса, гласовите на СДСМ во вториот круг одат за ДУИ

ТВ21 - 16.10.2017

Само еден ден по завршувањето на локалните избори, веќе започнаа калкулациите за соработка меѓу политичките партии во вториот круг. Кандидатот од Алијанса за Албанците во Гостивар, Арбен Таравари, рече дека од вторник ќе се сретне со сите политички ...

Албанските партии и вториот круг- равенка со многу непознати

Либертас - 17.10.2017

Во општините каде етничките Албанци се мнозинство, битката во вториот изборен круг ќе биде една од најинтересните и најжестоките. Можни се секакви коалиции и договори, но засега никој не ги отвора „картите“, пишува Дојче веле.

Анализа на изборни резултати

24 Вести - 16.10.2017

Четириесет и пет општини добија нови градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера. СПОРЕД обработените ГЛАСОВИ од вкупно 3.480 избирачки места кандидатите за градоначалници од СДСМ водат или веќе добија 50 општини и тоа ...

45 општини со градоначалник во прв круг

Телма - 16.10.2017

45 општини добија градоначалник во прв круг а во 35 ќе се одржи втор круг на гласање. Податоците на ДИК на 99,57% од избирачките места од кои пристигнале податоци, покажуваат дека СДСМ освои 37 градоначалнички места а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ три.

ДУИ ја преживеа кризата, а Беса и Алијанса се надеваат на приклучок во вториот круг

24 Вести - 16.10.2017

Драматична трка со неизвесна разрешница ги чека партиите од албанскиот блок и во вториот круг на локалните избори. Од првиот со победа и освоени нови два мандати се пофали само ДУИ која доби свој градоначалник во Пласница со нивниот кандидат Исмаил ...

Промена на политичката мапа на Македонија

Глас на Америка - 16.10.2017

Преглед на општините, по вчерашните резултати на изборите СДСМ најверојатно ќе победи во првиот круг во 30 општини, и ќе води во уште 20 општини, додека ВМРО-ДПМНЕ победи во само три општини и ќе води во уште шест, со тесна разлика во четири од нив, ...

ВМРО-ДПМНЕ освои само три сигурни градоначалнички места во прв круг?

+инфо - 16.10.2017

Бројот на општини во кои ВМРО-ДПМНЕ вчера доби најмногу гласови се намали на девет, но победата е извесна во само три. По изненадувачки убедливиот пораз на партијата на Никола Груевски, веќе се обработени гласовите во сите општини во Македонија.

Кој каде победи, а каде ќе има втор круг?

+инфо - 16.10.2017

СДСМ има 37 градоначалници, ВМРО три, а ДУИ двајца во прв круг, во втор круг на 29 октомври ќе се гласа во 35 општини. Вкупно 45 општини добија градоначалници во првиот круг, а најмногу се офајди СДСМ со дури 37, а ВМРО-ДПМНЕ со само три.

ДИК: 37 општини + град Скопје за СДСМ, 3 општини за ВМРО-ДПМНЕ

24 Вести - 16.10.2017

ДИК: 37 општини + град Скопје за СДСМ, 3 општини за ВМРО-ДПМНЕ, 45 општини добија градоначалници во првиот изборен круг. Во 37 општини плус градот скопје победи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е во три, ДУИ во две, во две независни кандидати.

ДИК:СДСМ води во Скопје и во 50 општини, ВМРО-ДПМНЕ во девет, ДУИ во 12

Телма - 16.10.2017

По вчерашните шести локални избори во Македонија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 50 општини, и во градот Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ во 9 општини, на ДУИ во 12. Ова се најновите резултатите по обработените 98,22 % од гласовите.

ДУИ ги освои Кичево и Пласница, води уште во 10 општини, Села води во Струга

МКД - 16.10.2017

Демократската унија за интеграција во првиот круг од локалните избори освои градоначалнички мандат во Кичево со 60,36 проценти од гласовите и во Пласница со 59,12 отсто. Според резултатите објавени на страницата на Државната изборна комисија, ДУИ ...

ВМРО-ДПМНЕ освои само три општини во првиот круг, а води во шест

МКД - 16.10.2017

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори освои само три градоначалнички места, Петровец, Сопиште и Илинден, покажуваат последните податоци од Државната изборна комисија. Со обработени 99,45 отсто од гласачките места, на интернет страницата на ...

На 29 октомври ќе се гласа во 35 општини

Кумановски м. - 17.10.2017

loading... На 29 октомври ќе се гласа за избор на градоначалник во останатите 35 општини кои не добија градоначалници во првиот круг од локалните избори. Во вториот круг СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во 19 општини, ДУИ и Алијанса за ...

Бејта и Таравари во Гостивар изедначени влегуваат во вториот изборен круг

МКД - 16.10.2017

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во првиот круг од локалните избори е зад неговиот противкандидат, актуелниот градоначалник од ДУИ, Невзат Бејта.

СДСМ освои 38 општини во прв круг, ВМРО-ДПМНЕ три

Фокус - 16.10.2017

Според преелеминарните резултати од Државната изборна комисија СДСМ во прв круг доби градоначалници во 37 општини и во град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ пак, во првиот круг успеа да освои три општини.

Албанските бастиони нови градоначалници ќе добијат во вториот круг од локалните избори

Канал5 - 16.10.2017

Во најголем број во општините со мнозинско албанско население градоначалник ќе се избира во вториот круг. Вчера градоначалници се избраа само во Кичево и Пласница од редовите на ДУИ. Во сите поголеми општини Тетово, Гостивар, Струга, каде имаше и ...

Во Могила, Ранковце, Брвеница и Чучер Сандево најмногу гласови освоија независни кандидати за градоначалници

Фокус - 16.10.2017

На овие локални избори се кандидираа независни кандидати за градоначалници во многу општини, но само 4 од нив освоија најмногу гласови во своите општини во првиот изборен круг. Една од нив е Могила, каде независниот кандидат за градоначалник Стево ...

Двајца независни градоначалници и еден од малите партии

Макфакс - 16.10.2017

Јован Пејковски за Чучур-Сандево и Ивица Тошевски во Општина Ранковце, се независните градоначалници кои победија во првиот круг на локалните избори од пријавените 27 кои настапија самостојно.Споредено со изборите од 2013, нема промена на бројот на ...

Вкупно 45.181 неважечко гласачко ливче утврдила Државната изборна комисија во првиот круг

Сител - 16.10.2017

Со околу 80.000 гласа разлика на советнички листи, СДСМ однесе убедлива победа во првиот круг од вчерашните локални избори. Според податоците објавени од ДИК по обработени околу 99% од гласовите, СДСМ на советничките листи освои над 413.000 гласови, ...

Резултати прв круг од локални избори – СДСМ победи во најмалку 38 општини

Канал5 - 16.10.2017

Се уште е неизвесно дали Скопје доби градоначалник уште во првиот круг од локалните избори – кандидатот Петре Шилегов има значителна предност пред Коце Трајановски но се уште не е познато дали освоениот број на гласови се доволни за да го надмине ...

Последни податоци од ДИК: СДСМ – 38 градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ – 3, во втор круг одат 35 општини

Радио МОФ - 16.10.2017

Според податоците кои се уште се објавуваат на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК), по првиот круг најверојатно ќе бидат познати градоначалници во вкупно 46 општини, додека преостанатите 35 општини одат во вториот круг.

Од девет општини каде предничи ВМРО-ДПМНЕ, во три советниците на СДСМ добија повеќе гласови

Фокус - 16.10.2017

СДСМ им ги грабна советите на ВМРО-ДПМНЕ во три од девет општини каде предничат Од девет општини каде предност имаат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, советничките листи на СДСМ освоија повеќе гласови.

По долго време, СДСМ победи во бастионите на ВМРО-ДПМНЕ

Фокус - 16.10.2017

Владејачката СДСМ оствари убедлива победа во првиот круг на локалните избори, успевајќи да победи во многу општини каде никогаш или одамна не победила, покажуваат податоците објавени од Државната изборна комисија.

Огромна превласт на СДСМ и во Советите на општините

А1 On - 16.10.2017

Интересна и значајна е битката која ќе се води за мнозинство и превласт во Советите на општините. Според досегашните резултати добиени од Државната Изборна комисија во поголемите градови каде што доби градоначалнички места, СДСМ го има и ...