Nike ќе го затвори одделот за развој на попаметни додатоци. Во подоцнежна фаза тоа ќе доведе и до крајот на фитнес нараквицата FuelBand, објави онлајн изданието CNET.
Еден од значајните производители на фитнес додатоци, очигледно ќе го напушти овој пазар. „Nike“ потврди дека ќе отпушти луѓе од своето хардверско одделение кое го прави фитнес додатокот „FuelBand“.