ГЕРМАНИЈА, 4 февруари (АП) - Научниците во Германија вчера го почнаа експериментот со кој се надеваат дека ќе постигнат напредок во областа на нуклеарната фузија, што се смета за еколошки чиста и безбедна форма на нуклеарна енергија.
Германската канцеларка Ангела Меркел го активирала тестот на експерименталниот фузиски реактор на Институтот Макс Планк, таканареченото „вештачко сонце“, футуристички извор на евтина и чиста нуклеарна енергија.
Овој реактор претставува исклучително значаен момент за истражувачите од Макс Планк институтот. Тој е всушност претставува и пресвртница во трагањето по чиста и неограничена енергија. Најголемиот нуклеарен реактор на светот е вклучен во Германија.