Фото: Pixabay Просечен турист во Грција поминува 6,5 ноќи во земјата и дневно троши 67 евра, покажува новата студија за престој на туристите во првата половина од 2017 година изработена од страна на Грчкиот туристички институт (INSETE).
Туризмот во Грција е еден од секторите што ја придвижуваат економијата на земјата. Најновите податоци од секторот покажуваат мало зголемување на средствата што туристите ги трошат кај нашиот јужен сосед.