Стартот на Мастерсот во Торонто не донесе некое големо изненадување. На прагот беше елиминација на Григор Димитров, кој се врати од загубена ситуација да го совлада Сугита од Јапонија со 2-1 во сетови (5-7, 7-6/4, 6-4).
Во дуелот од првото коло на АТП турнирот во Торонто од серијата Мастерс 1000, Борна Чориќ имаше доста експлозивен момент, кога успеа да разбие рекет и беше предупреден од судијата. Чориќ го победи во првото коло Иван Додиг со 5:7, 6:4, 6:2, иако ...