Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар, од наредната сезона ќе игра во Франција, во екипата на Нант. Тој конечно ќе ги запознае своите соиграчи на 24 јули, кога официјално ќе започнат подготовките на францускиот тим.
Кога го бирав мојот нов клуб, сакав тоа да биде клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. Сметам дека клубот ќе расте од година во година. Нант напредува од година во година и заслужува високо да котира во ЛШ, вели Македонецот Капитенот на ...