На море со воз. Од следната недела повторно ќе сообраќа меѓународниот воз Солун - Гевгелија – Белград. Хелас Експрес се враќа на шините откако заврши реконструкцијата на пругата меѓу Ниш и Прешево.
Експресниот воз „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа помеѓу Скопје, Белград и Солун од 1 јуни годинава. Од 01.06 возот ќе трга секое утро во 4:45 за Солун, а ќе се враќа секој ден во 18:30.