Новиот Opel Insignia GSi не само што ја „оживува“ легендарната ознака за спортските верзии на моделите на германската марка, туку им нуди на фановите на динамичното возење одлично избалансиран и моќен спортски седан.
Insignia ја продолжува 33 години старата традиција на името GSi и тоа го прави на најдобриот можен начин... Иако се' уште не се целосно слегнати впечатоците околу новата Insignia којашто многумина ја сметаат и за најубав (и најдобар) автомобил под ...
Моќта на Insignia GSi доаѓа од 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 260 коњски сили и 400 Nm вртежен момент! Покрај 2-литарскиот турбо-бензинец, Insignia GSi добива и 8-брзински автоматски менувач со лопатки за менување поставени на управувачот.