13 август доаѓа, а во јавноста постојано протекуваат нови информации, секој ден по еден нов детал за долго-очекуваниот Galaxy Note 5 . Така сега протекоа нови слики од дизајнот и изгледот на Note 5.
Samsung се уште е најуспешниот производител со испорачани 89 милиони Galaxy телефони за последните три месеци од оваа година, но тоа не е доволно бидеќи преставува пад од 10 проценти во однос на минатата година.
Настанот Samsung Galaxy Unpacked, на кој ќе бидат претставени новите модели на корејскиот производител, ќе се одржи на 13-ти Август. На настанот веројатно ќе биде претставен новиот Galaxy Note 5, а се очекува и претставување на Galaxy S6 Edge Plus.
Профитот на „Samsung“ забележа пад од осум проценти во однос на минатата година, а компанијата потврди дека лансирањето на моделите „Galaxy S6“ и „S6 Edge“ имале „значително маргинално влијание на работењето“.