Повеќето команданти на ултрарадикалната сунитка групација Исламска држава (IS) во Мосул се убиени во судирите со ирачките сили изминатите три месеца во источниот дел од градот, изјави во четвртокот ирачки генерал.
Командантот на елитните контратерористички единици на ирачката армија генерал полковник Талиб Шагати изјави дека неговите сили ги истерале милитантите на Исламската држава од сите квартови во источниот дел на Мосул.