Актуелниот освојувач на кошаркарскиот Куп на Македонија, составот на Карпош Соколи денес доби ново засилување во името на српскиот интернационалец Жарко Чомагиќ, кој потпиша договор со важност до крајот на сезоната.
Карпош соколи успешно ги финишираше преговорите за ангажман на уште еден нов кошаркар. Станува збор за 31-годишниот Жарко Чомагиќ, кој ќе ја пополни дупката на крилната позиција што настана со повредата на Зоран Вркиќ.