Студентите од Тирана и Белград им изразија поддршка на нивните колеги во Скопје, кои организирани од здружението „Студентски пленум“ вчера протестираа против најавените реформи во високото образование и воведувањето на државниот испит.
Веста за студентскиот марш против екстерното тестирање или државен испит е објавена во речиси сите влијателни медиуми од регионот. Балканската медиумска мрежа известува дека студентскиот марш го окупирал главниот град и дека ова се најмасовните ...
Вториот протестен студентски марш во Скопје докажа и покажа дека студентскиот активизам постои. Студентите велат иницираа, а граѓаните подржаа една идеја за солидарност, слободна мисла и демократско делување.
Додека вчера во Прилеп Студентскиот Пленум даваше поддршка на маршот во Скопје, учениците од неколку училишта во Прилеп беа под заложништво во сопствените училишта, пренесе Револуционермк .
На јутјуб е објавено видео снимено со дрон од вчерашните протести на студентите против државниот испит. Видеото е во продукција на „тетреб“ и до сега има над 37.500 прегледи. Видеото ОВДЕ.
По повод 11 декември, денот на македонските студенти, ќе се одржи трибина и промоција на брошурата „Студенту, ти имаш право да знаеш“ во организација на Младинскиот образовен форум. Промоцијата ќе се одржи на Правниот факултет „Јустинијан Први“, ...
Додека студентите се движеа по скопските улици, постојано им се приклучуваа граѓани кои им даваа поддршка, им ракоплескаа и симнуваа капа за храброста што ја имаат. Околу 9.000 студенти и средношколци денеска маршираа против државниот испит, што ...
Стотина студенти во Прилеп и околу илјада во Битола, денеска излегоа на улица во знак на протест поради најавите за воведување на државен испит на универзитетите, но и како поддршка за големиот марш во Скопје.
Протестни маршови имаше и во Битола и Прилеп. Се солидаризираа со скопскиот марш и од своите матични универзитети порачаа - Не за надворешното тестирање. Битолските студенти тргнаа на студентски марш од пред Техничкиот факултет.
Додека некои се бореа за своите права марширајќи, други бараа задоволство во правењето селфи фотографија. На социјалната мрежа Фејсбук се појавија разни фотографии направени за време на маршот, а оваа остави најголем впечаток на медиумската маса.
Денешниот студентски марш на кој присуствуваа голем број на студенти и нивни поддржувачи помина во најдобар ред и без никакви инциденти. Видовме голем број на фотографии и видео снимки за тоа како се организираше овој марш професионално и без ...
Студентското движење “За Универзитетот” се солидаризира со барањата на студентите во Македонија. Вашата кауза е наша кауза! Вашата борба е наша борба! Студентските протести организирани во Македонија се следат со големо внимание од студентите во ...
Според едни 3 илјади, според други 9 илјади, но која е вистинската бројка на денешната излезеност на студентскиот марш? Ако пресметките што обично ги прави Би-Би-Си се направат врз денешниот Студентски марш се покажува дека денеска продефилираа ...
„Вашите причини се и наши причини! Вашиот борбата е и наша борба!“. Ова е пораката објавена на Фејсбук од студентите во Тирана кои денеска преку фотографии и транспаренти дадоа поддршка на студентскиот марш во Македонија.
Студентски пленум организира трибина во петок на тема „Честите измени на законот – причина за лошиот квалитет на високото образование“. Трибината ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, во амфитеатар број 2, во Скопје, со почеток од 14 ...
На Јутјуб се поставуваат видеа од денешниот студентски марш во Скопје, на кој студентите кажаа „Стоп за лошите реформи во образованието“. Една од најинтересните видео снимки е направена со беспилотно летало (дрон) и на неа јасно може да се види ...
Една од најспектакуларните фотографии од протестите на студентите денеска беше направена со беспилотно летало (дрон). Организацијата „Студентски пленум“, која стои зад протестите, на Твитер објави дека момчето кое ја направило фотографијата и кое го ...
„Која сила ќе го сопре гласот на студентите“, „Екстерно за Владата“, „Студенти – независни и силни“, „Сега ќе нè слушнете“. Ова беа само дел од скандирањата на повеќе од девет илјади студенти и средношколци кои денеска излегоа на скопските улици и ...
Илјадници студенти, но и средношколци денеска излегоа да маршираат на улиците во Скопје против воведувањето државен испит. Тие тргнаа од платото на УКИМ, кон Собрание и на крај пред Влада, извикувајќи „ Која сила ќе го сопре гласот на студентите“, ...
Поддржани од многубројни професори, родители, пензионери, средношколци, стечајци и случајни минувачи денеска студентите маршираа по втор пат против воведувањето на екстерно тестирање во високото образование.
Студентскиот пленум го задржува академскиот дискурс и повикува на трибина во петок во 14 часот на Филозофскиот факултет т.е. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, во Амфитеатарот број 2.
Подршка на денешниот студентски марш пристигна и од студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа. Од универзитетскиот кампус во Тетово, тие трнаа организирано со автомобили и со автобуси .
Погледнете ја оваа импресивна снимка од денешниот најмасовен студентскиот протест во Скопје направена со дрон. Снимката е од самиот почеток на маршот. Погледнете и дел од останатите видеа и фотографии.
Кај камената бина во центарот на Прилеп денес студенти и средношколци се собраа за да дадат поддршка на Студентскиот Марш во Скопје. Вратите во Индустриското училиште во Прилеп биле заклучени и средношколците не биле пуштени да излезат да дадат ...
Со транспаренти и свирчиња, студентите од Битолскиот универзитет, поддржани од средношколците го започнаа протестниот марш од пред Техничкиот факултет во Битола. Се движеа по улиците на Битола, преку Широк Сокак.
Маршрутата на студентскиот марш Студентите точно напладне ќе тргнат од платото пред универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од каде ќе се упатат по булеварот „Филип Втори“ кој минува покрај МНТ и новата зграда на Министерството за надворешни работи.
Претставниците од Студентски пленум Магдалена Петкова и Филип Манев говорат за поддршката која ја добија од граѓаните на денешниот Студентски марш, одлучно ги отфрлаат обвинувањата дека СДСМ стои зад протестите, со какви притисоци се соочувале ...
Над 1.000 студенти и средношколци од Битола излегоа на масовниот протест против воведувањео на државен испит на факултетите. Студентскиот марш започна пред Техничкиот факултет, продолжи низ Широк Сокак и заврши пред Ректоратот на Универзитет.