TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Казни за студентите повторувачи на државниот испит

24 Вести - 26.11.2014

12 000 денари ќе биде највисоката сума на пари која ќе ја плати студентот, ако по седми пат не го положи државниот испит. Првите екстерни тестирања ќе бидат во 2017- та година после завршена втора година од студии на новозапишаните студенти од ...

Екстерно-државниот испит најкоментирана тема

Р.С.Европа - 26.11.2014

Низа коментари на нашата фејсбук страна предизвикаа темите посветени на екстерното тестирање, и текстот во кој пратеникот Николоски предлага младите да си седат дома. Дали ќе се спроведува екстерно тестирање или државен испит на универзитетите? ...

Студентите бараат дијалог - законот речиси готов

Утрински - 26.11.2014

До крајот на годинава Министерството за образование и наука (МОН) ќе излезе со предлог-измени на Законот за високо образование, а можно е и со целосно нов закон доколку тој биде навремено подготвен, со кои е предвидено воведување државен испит за ...

Првите три полагања бесплатни, потоа повторувачите на државниот испит ќе плаќаaт и до 12.000 денари

Алфа - 26.11.2014

Дванаесет илјади денари ќе биде највисоката сума која ќе треба да ја платат студентите кои повеќе од 6 пати нема да положат државен испит. Првите три полагања ќе бидат бесплатни рече министерот за образование Адеми на средба со новинарите.

ДРЖАВЕН ИСПИТ: До Нова година ќе има конкретен предлог

Телеграф - 26.11.2014

Како пример е земен модел што, со мали разлики, функционира во Полска, Чешка, Унгарија и во Словачка. Гаранција дека испитот ќе се спроведува како што треба ќе биде Одборот за акредитација, кој, за разлика од постоечкиот, ќе има помалку членови, но ...

Казни за студентите повторувачи на државниот испит

Локално - 26.11.2014

12 000 денари ќе биде највисоката сума на пари која ќе ја плати студентот, ако по седми пат не го положи државниот ...

Рецензија: ФОТО: Ново фијаско на СДСМ, едвај шеесетина луѓе на протестот во Штип

СПФМ - 26.11.2014

Овој текст од почеток до крај манипулира со јавноста. Имено, тој за протестите на студентите во Штип тврди дека голем дел од нив биле подружувачи на најголемата опозициска партија СДСМ. Со тоа, всушност, се изместува главната поента на настанот, а ...

Државниот испит ќе се полага во 2-ра и по завршната година

Сител - 26.11.2014

Ќе се менува составот на членови на Одборот за акредитација и евалуација . До Нова година треба да се донесе нов закон или пак сегашниот да претпри сериозни измени. Одборот ќе има вкупно 9 члена, тројца од најдобро рангираниот државен универзитет, ...

Курир: СДСМ и СОРОС се уште ги манипулураат студентите

Сител - 26.11.2014

Не запираат обидите на медиумите на СОРОС и опозицијата да внесат забуна меѓу студентите. Курир пишува дека по директива од Бихаќка, соросвите портали и натаму информиаат дека во Македонија ќе се проведува екстерно тетирање.

50 дена блокада – студентите во Белград во „војна“ со управата

Радио МОФ - 26.11.2014

Утре (27 ноември) се навршуваат цели 50 дена од почнувањето на организираната блокада на Филозофскиот факултет во Белград, која ја спроведуваат студентите, незадоволни од зголемувањето на трошоците на студирањето.

СДСМ и СОРОС продолжуваат со лаги дека ќе има екстерно, за да ги манипулираат студентите

Курир - 26.11.2014

Најголемата опозициска партија и структурите на Соросовата фондација во земјава продолжуваат со манипулации и дезинформации поврзани околу државниот испит за студентите, лажно претставувајќи го како екстерно тестирање.

Рецензија: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат

СПФМ - 26.11.2014

Преку изјави на тројца анонимни студенти, непотпишаниот автор се труди да формира слика дека тие се претставници на повеќето стотици кои се противат на навдорешната евалуација на државата на квалитетот на високото образование.

Доколку продолжи блокадата, ќе биде прекината учебната година!

Локално - 26.11.2014

Белград: Министерот за образование и наука на Србија, Срѓан Вербиќ, денеска изјави дека учебната година ќе биде прекината, ако продолжат штрајк и блокада на наставата на Филозофскиот факултет во Белград .

Државата нека креира правила на игра, ама да не биде играч во образованието

Deutsche Welle - 26.11.2014

Професорите не се против контрола врз знаењето на студентите, но сметаат дека државниот испит нема да даде објективна слика за тоа, а може да ја загрози универзитетската автономија. Студентите низ протести го искажаа својот став - не прифаќаат ...

Адеми за „Алсат-М“: Студирав осум години, од кои пет беа ефективни

Sky - 26.11.2014

Во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, го појасни недоразбирањето што настана околу терминологијата за завршните испити кои студентите треба да ги полагаат во втора и во четврта ...

До 12.000 денари казна за студентите - повторувачи на државниот испит

+инфо - 26.11.2014

12.000 денари ќе биде највисоката сума на пари која ќе ја плати студентот, ако по седми пат не го положи државниот испит. Првите екстерни тестирања ќе бидат во 2017 година после завршена втора година од студии на новозапишаните студенти од следната ...

СДСМ и СОРОС упорно манипулираат дека ќе има екстерно

Нетпрес - 26.11.2014

Најголемата опозициска партија и структурите на Соросовата фондација во земјава продолжуваат со манипулации и дезинформации поврзани околу државниот испит за студентите, лажно претставувајќи го како екстерно тестирање, пишува Курир.

За половина година истекува мандатот на членовите на Одборот за акредитација и евалуација во високото образование

Алфа - 25.11.2014

За половина година истекува мандатот на членовите во Одборот за акредитација и евалуација во високото образование. Дали ќе има нови или ќе останат истите засега не се знае. За половина година истекува мандатот на членовите во Одборот за акредитација ...

Рецензија: Студентите се изманипулирани: Детали за државниот испит на факултетите

СПФМ - 25.11.2014

Пред нас се наоѓа манипулативен текст, кој на моменти потсетува на соопштение од власта, а не на новинарски производ. Дел од речениците искористени во текстот, премиерот Никола Груевски ги кажа во интервју на Сител, неколку часа по неговото ...

Страв од евалуација на знаењето или…

Република - 25.11.2014

Колумнист: д-р Бона Лазар Бајрактарова Универзитетски професор Со целиот респект кон студентите /нашиот академски подмладок/ со кои професионално и ентузијастички се дружев цели четири децении, би ги прашала оние, кои силно се противат на ...

[Став] Не за екстерно!

Радио МОФ - 25.11.2014

И покрај масовните протести на студентите против екстерното испитување на државните факултети кои се одржаа деновиве, повеќе од очигледно е дека власта не сака да ја разбере пораката и суштината.

[Видео] Адеми: Владата не се откажува од државниот испит

Радио МОФ - 25.11.2014

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, во синоќешното гостување во емисијата „360“ на Алсат М телевизија изјави дека нема да им се извини на студентите, а Владата нема да се повлече од идејата да се воведе државен испит на сите ...

Екстерно, државен испит или..!!?

Нова ТВ - 25.11.2014

Министерот за образование Абдулаким Адеми во емисијата 360 степени на Алсат вчера објаснуваше кој што рекол од Владата и кои се нивните идеи за реформата во високото образование. Се збуни ли Владата од масовните протести на ...

Студентите во Белград не попуштаат, Филозофскиот факултет денес е затворен

Радио МОФ - 25.11.2014

Новата зграда на Филозофскиот факултет во Белград денеска е затворена, откако по речиси двомесечната блокада од страна на студентите, управата одлучи дека нема услови за безбедно одвивање на наставата.

Државниот испит е обид студентите да се стават под контрола на власта

Призма - 25.11.2014

Ова е еден од најсериозните тестови за „Студентскиот пленум“: ако ги откажат идните активности заради тоа што измените нема да важат за нивните генерации, тоа ќе биде уште едно предавство на или во студентскиот активизам, вели професорот по историја ...

Адеми: Не студирав осум години, туку пет, три години оправдано паузирав

+инфо - 26.11.2014

Во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“ , министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, зборува за тоа колку години тој студирал, одговарајќи на нападите дека наводно завршил факултет по осум години студирање, а сега заговара ...

(ВИДЕО) Адеми: Не им се извинувам на студентите – државен испит ќе има!

Либертас - 25.11.2014

Министерот за образование Абдилаќим Адеми во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат М Телевизија изјави дека нема да им се извини на студентите а дека Владата нема намера да се повлече од идејата за полагање државен испит на ...

Од екстерно тестирање до државен испит

Р.С.Европа - 24.11.2014

Иако и владините функционери до пред една недела велеа дека ќе се воведува надворешна евалуација на факултетите, сега велат дека терминот екстерно тестирање бил манипулација. Во речниците, зборот екстерно се објаснува како надворешно, што доаѓа ...

Што ги очекува студентите од 2015та година?

Нова ТВ - 24.11.2014

По масовниот протест на студентите кои периодов се топ тема во јавноста, Премиерот во две последователни интервјуа вели дека станува збор за државен испит чии прашања одвнатре ќе бидат достапни на интернет.

Владата не се откажува, не се откажуваат ни студентите

Утрински - 24.11.2014

По скопските, денеска излегоа на протест и дел од штипските студенти на државниот универзитет „Гоце Делчев“ против намерата на Владата за воведување државен испит. Со извици „Не за екстерното“ студентскиот протест почна на градскиот плоштад ...

Болоњски процес - чекор напред, два назад

Дневник - 24.11.2014

Речиси десет години од воведувањето на болоњскиот процес во универзитетското образование во Македонија не сме сигурни ни што во суштина влезе во него, ниту, пак, што е уште потрагично, што тој систем продуцира, под претпоставка дека нешто од него се ...

ФОТО: Протест на студентите од УГД против екстерното на факултетите

Нова ТВ - 24.11.2014

Стотина студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип излегоа на протести против екстерното тестирање во високото образование. Протестот се организираше преку фејсбук и собраните студенти рекоа дека нема формален организатор на протестите.

Студентите не смеат да мислат спротивно од власта

Р.С.Европа - 24.11.2014

Излегува дека секој кој има некаков став кој се разликува од матрицата на власта, всушност е притискан или изманипулиран. Студентите биле изманипулирани оти не се работело за екстерно тестирање, туку за државен испит, а опозицијата ги извадила на ...

Студентски протести во Штип против есктереното

Телма - 24.11.2014

Околу 150 студенти од штипскиот универзитет денеска го искажаа својот револт од најавеното воведувањето на државен испит во втора и члетврта година на сите универзитети во земјава, сличен на екстерното тестирање.

Факултет на секоја ливада: Каде ја згрешивме во високото образование?!

Фактор - 25.11.2014

Дел од универзитетските професори се се погласни против новите предлози на власта за проверка на квалитетот на наставата, знаењето на студентите и работата на професорите, преку дополнителни тестирања и испити.

Груевски: Државниот испит за студентите ќе се полага од 2017

Утрински - 23.11.2014

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска изјави дека студените кои ќе полагаат државен испит точно ќе знаат од кои прашања ќе биде направен избор и оти испитот ќе почне да се спроведува во 2017 година, односно за студентите кои на ...

Протести во Штип против иницијативата за државен испит

24 Вести - 24.11.2014

Стотина од околу 2.000 запишани студенти од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип излегоа на протести против државниот испит во високото образование. Собирот се организираше преку социјалните мрежи, а учесниците велат дека нема формален организатор.

Зошто не го прашаат Груевски?

СПФМ - 24.11.2014

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска , експерт за човекови права Новинарите имаат право и треба да прашуваат. Имаат право и треба да анлизираат. Имаат право и треба да изведуваат заклучоци.

Kој ги уништува и партизира граѓанските движења во Mакедонија? СДСМ длабоко инфилтриран во студентските протести

Алфа - 24.11.2014

Aко нешто не можете да го направите самите, за остварување на своите цели, какви и да се , инфилтрирајте се и искоритете ги младите. Oва би било најкусото и наједноставно сценарио на опозицијата која ги искористи студентските протести.

Филозофски од Белград се уште блокиран

Локално - 24.11.2014

БЕЛГРАД – Филозофскиот факултет и понатаму продолжува да биде блокиран, иако деканот на факултетот Милош Арсенијевиќ, во петокот објави дека блокадата официјално завршила, и дека наставата ќе започне денеска на пладне.

[Фото] Студентски марш во Штип против екстерното на универзитетите

Радио МОФ - 24.11.2014

Околу 200 студенти денеска напладне излегоа на студентски марш во Штип за да му кажат „Не“ на предлогот за воведување екстерно текстирање, односно државен испит на универзитетите. Студентите се собраа на Плоштадот „Слобода“ во Штип од каде се ...

И студентите од Штип порачаа:„Не за екстерно“ !

Канал 77 - 24.11.2014

Градскиот плоштад во Штип, „Слобода“ денеска остана полупразен иако студентите од Универзитетот Гоце Делчев најавија протест против идејата за екстерно тестирање или државен испит на универзитетите ширум земјава.

Студенти биле врбувани да зборуваат пред камери во прилог на екстерното

+инфо - 24.11.2014

Студенти од студентските домови биле повикувани да излезат пред камера и да го одбранат екстерното тестирање. Прашањата и одговорите им биле подготвени и се што требало да направат е да го рецитираат она што веќе им било кажано.

Државата размислува да ги тестира студентите и усно?!

+инфо - 24.11.2014

Премиерот Никола Груевски во синоќешното интервју на „Алфа“ рече дека се размислува дали има потреба државниот испит покрај писмено да се полага и усно. Ова засега, како што рече Груевски, е на ниво на идеја и претходно ќе се направат проценки за ...

Со државниот испит нема веќе купени дипломи

Тера - 23.11.2014

Во своето гостување на вестите на Алфа телевизија, премиерот на Република Македонија разговараше околу разликите помеѓу екстерното тестирање и државниот испит. Како што истакна премиерот, станува збор за државен испит, а не екстерно тестирање и ...

И во Штип се протестираше против екстерното

Фактор - 24.11.2014

Стотина студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го изразија своето незадоволство од предлогот за екстерно тестирање или државен испит на факултетите. Тие с еорганизираа на Фејсбук и денеска протестираа во овој град – маршираа низ центарот на ...

Студентски пленум не постои, Студентски пленум е СДММ

Курир - 24.11.2014

Пулени на СОРОС и СДСМ протестираа како студенти. Низ социјалните мрежи и Интернет медиумите деновиве се појавија фотографии од студенсткиот протест, кои само го потврдија сомнежот за тоа кој ги организира истите и кој ги манипулира студентите.

И штипските студенти против екстерното или против државниот испит

МКД - 24.11.2014

Денеска стотина студенти од универзитетот „Гоце Делчев" во Штип протестираа против воведувањето на државен испит на факултетите. На градскиот плоштад во Штип студентите скандираа против државниот испит.

Курир: Не постои студенстски пленум, пленумот е СДММ

Сител - 24.11.2014

Врие од незадоволство меѓу студентите откако се разјасни дека станаа нова жртва на манипулаците на СДСМ и СОРОС. Социјалните мрежи се преплавени од фотографии на кои можат да се видат високи функционери на СДСМ и нивниот подмладок на протестите ...