Работниците од велешка колска денеска се собраа на мирен протест пред владата.. револтирани се оти веќе половина година не зеле плата. Велат дека на голем дел од нив струјата им е исклучена, а извршители им тропаат на врата за неисплатени кредити.
Овие работници во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес од Владата бараат исплата на задоцнетите плати за изминатите шест месеци. Тие велат дека е загрозена нивната екзистенција, бидејќи немаат ниту здравствено осигурување.
Вработените во фабриката за шински возила Колска од Велес половина година живеат без плата. Немаат здравствено осигурување поради што голем дел од работниците се соочуваат со сериозни здравствени последици.
Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на синдикатот од фабриката за шински возила, Колска, од Велес. Според Заев, уште денеска треба да почне решавањето на проблемот на вработените, кои шест месеци немаат земено плата, а треба да се изнајде ...