Мерцедес официјално го претстави својот нов пикап Икс класа (Mercedes benz X-Class). Промовиран како прв пикам од премиум произведувач, Икс класата има доминантна предна решетка со фарови со вградени ЛЕД светла.
Пикапот е синоним за работно возило на вредни луѓе. Но, денес не постои вистина што не може да се преиначи. Mercedes X-Class пристига како прв пикап од премиум марка. Купувачите ќе плаќаат двојно за нивниот камионет да носи ѕвезда.