TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тетовци фрлаат ѓубре пред општината

ТВ21 - 20.08.2017

Граѓаните на Тетово го изразија својот гнев за палењето на депонијата на градот преку протест. Тие демонстративно фрлаа ѓубре пред зградата на општина Тетово и побараа одговорност од градоначалничката Теута Арифи.

Тетовци истурија ѓубре и јајца пред општината, бараат чист воздух

24 Вести - 20.08.2017

Тетовци протестираа револтирани од пожарот на депонијата на влезот од градот која гори веќе два дена. Протестот кој беше организиран преку социјалните мрежи почна мирено на градскиот плоштад, а ескалираше пред општинската зграда.

Еколози: Горењето на депонијата е штетно по здравјето на луѓето

Алсат-М - 20.08.2017

Чадот и отровните гасови предизвикани од пожарот во дивата депонија кои овие два дена се шират низ Полошката котлина се сериозна опасност по здравјето на граѓаните. Оваа еколошка бомба се очекуваше секој момент да експлодира велат еколозите за кои ...

Арифи: Локалната власт презема мерки во полза на граѓаните, протестот политички мотивиран

Алсат-М - 20.08.2017

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи одржа прес – конференција околу еден час по завршувањето на денешните протести на граѓаните пред зградата на општина Тетово поради несправувањето на локалната власт со последиците од запалената дива депонија ...

Револтот на тетовчани се истури пред општината

Телма - 20.08.2017

Револтот поради големата смрдеа и густиот црн чад во кој два дена се гуши Тетово, граѓаните го истурија врз надлежните. Кеси полни со смет контејнери и јајца завршија во општинската зграда.

„Ајде Македонија“ : Чадот во Тетово е канцероген

Телма - 20.08.2017

Црниот чад над Тетово е опасен и канцероген, велат од асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“. На едно место се фрла храна, батерии, метали и најразлични хемиски супстанци, а кога ќе се запалат ефектот врз животната средина е ...

Тетовската депонија изгасната – граѓаните денеска на протест, побараа оставка од Теута Арифи

Алфа - 20.08.2017

Неподносливиот мирис кој со месеци наназад се шири во Тетово крена на нозе стотици граѓани на градот под Шара. Велат ни се гушат децата – и децата на Македонците и на Албанците и на Турците. Бараат веднаш да се реши проблемот.

Илиевска: Во Тетово не се почитуваат човековите права, протестите ќе продолжат додека тетовчани не ги добијат основите ...

Курир - 20.08.2017

Милена Илиевска претставник на граѓанскиот сектор поточно претставник на граѓанската иницијатива ,,За почисто Тетово’’, која беше гостин на панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ, го изрази својот револт во однос на проблемот кој Општина Тетово го има со ...

Ѓорѓески: Централната и локалната власт да стават прст на чело и да размислат со каков проблем се соочуваат тетовчани

Курир - 20.08.2017

Продолжуваат панел дискусиите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. На денешната, се говореше на тема „Тетово плаќа за неодговорноста на локалната и централната власт“, каде акцент се стави на тетовската депонија, огромен проблем со кој се соочуваат ...

Протестот на граѓаните поради депонијата во Тетово за Теута Арифи е политички мотивиран

Фокус - 20.08.2017

Денешниот протест на граѓаните поради дивата депонија во Тетово која се запали вчера по што се рашири неподнослива смрдена и црн чад низ целиот град, според градоначалничката Теута Арифи е со политичка позадина.

Тетовци запалија смет пред влезот во општината, Арифи вели и протестот и палењето на депонијата се политички

Сакам да кажам - 20.08.2017

Неколку стотици тетовци попладнево излегоа на протест поради запалувањето на дивата депонија на влезот во градот. Тие својот револт го искажаа пред зградата на Општина Тетово, каде скандираа „Сакаме да дишеме“, „Еве ви го ѓубрето“ и фрлаа кеси со ...

Тетовци протестираат за чист воздух

Сител - 20.08.2017

Протест против депонијата во Тетово, ѓубре пред зградата на општината со која раководи Теута Арифи, од владата велат дека пожарот е подметнат. Ова се денешните реакции откако вчера депонијата во Тетово гореше цел ден и се ширеше густ чад и ...

Тетовци на протест за чист водух...

Н.Македонија - 20.08.2017

Тетовци на протест за чист водух Граѓаните на Тетово денеска протестираа барајќи чист воздух, бидејќи по вчерашниот пожар на дивата депонија, жителите се жалат дека во градот се чувствува неподнослива миризба.

Тетовци на протест, истурија ѓубре пред Општината

Макфакс - 20.08.2017

Со извици „Еве ви го ѓубрето“, „Сакаме чист воздух“, Тетовци денеска излегоа на протест против загадувањето, откако вчера градот осамна во црн чад од пожарот кој гореше на дивата депонија на влезот во Тетово.

Тетовци истурија ѓубре пред општината, утре нов протест пред депонијата

Радио МОФ - 20.08.2017

Со истурање контејнери со ѓубре пред општинската зграда тетовци денеска протестираа против загадувањето на воздухот а по огромниот пожар кој вчера гореше во дивата депонија на влезот на градот.

Пожарот изгаснат, тетовци на протест за чист воздух

Канал5 - 20.08.2017

Бел чад и смрдеа на изгорено на влезот на Тетово. Во градот по Шар Планина ве дочекува дивата депонија и неколкумина кои го гасена пожарот на ѓубриштето што ги гушеше тетовци. Иако со послаб интензитет, мирисот од депонијата полека со слабиот ветер ...

Протестот во Тетово продолжува и утре

Слободен Печат - 20.08.2017

Движењето Еко Герила ги известува граѓаните на Тетово дека во продолжение на нивната борба за почист воздух во Тетово и полошкиот регион, во понеделник 21 август во 12.00 организира протест против Дивата Депонија во Тетово.

Теута Арифи тврди дека протестите се политички мотивирани

Слободен Печат - 20.08.2017

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на прес-конференција изјави дека локалната власт ги презема сите потребни мерки за справување со дивата депонија, додека пак за протестите смета дека се политички мотивирани.

Тетовци загрижени за своето здравје - бараат чист воздух

Фактор - 20.08.2017

Депонијата во Тетово каде вчера имаше пожар и денеска чадеше. Граѓаните на Тетово денеска преку Фејсбук се организираа и излегоа на протест. Тие бараат итно решавање на проблемот со сметот во градот.

Тетовци денеска ќе протестираат за чист воздух

Нова ТВ - 20.08.2017

Денеска во 13 часот тетовци ќе се соберат на плоштадот во градот за да протестираат за чист воздух, бидејќи по горењето на депонијата , жителите се жалат дека во градот се чувствува неподнослива миризба.

Тетовци истурија отпад пред Општината и побараа оставка од Арифи

Мета - 20.08.2017

Протестот на тетовци за чист воздух помина мирно, а граѓаните побраа оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Тие истурија отпад пред зградата на Општината и извикуваа „Сакаме да дишеме“ и „Еве ви го отпадот“.

Тетовската дива депонија уште чади, МВР не кажува дали пожарот е подметнат

Сакам да кажам - 20.08.2017

Цела ноќ и изутринава Тетово е завиено во густ чад кој доаѓа од дивата депонија која вчера се запали. Откако во вечерните часови запре ветерот, сиот чад што доаѓаше од депонија се надвисна над градот. Беше неможно да се седи со отворени прозорци.

Тетовчани го донесоа ѓубрето пред врата на Општината

Фокус - 20.08.2017

Од депонијата во Тетово утринава се крева чад по вчерашниот пожар кој го зафати отпадот. Тетовчани кои живеат во близина се жалат дека и денеска смрдеата е неподнослива, не помагаат ниту затворените прозори и врати поради што дел од нив се решаваат ...

Граѓаните од Тетово денес ќе протестираат за чист воздух

Слободен Печат - 20.08.2017

Денес во 13 часот, жителите на Тетово ќе започнат протест за чист воздух. Нивното собирање започнува на Плоштадот, а потоа ќе продолжат кон Општината. Револтираните граѓани веќе истураат смет пред вратите на зградата на Општината.

Чернобил во Тетово, Струга се бори, Скопје се гуши

Скопје24 - 20.08.2017

Изминатата ноќ беше една од најужасните за Тетово, силен чад излегуваше од депонијата. Тетовчани ја поминаа вечерта со затворени врати и прозорци а оние кои се најблизу до депонијата како што дознаваме и морале да ги напуштат своите домови.

Тетовци на протест за чист воздух

Република - 20.08.2017

Денеска во 13 часот тетовци ќе се соберат на плоштадот во градот за да протестираат за чист воздух, бидејќи по горењето на депонијата, жителите се жалат дека во градот се чувствува неподнослива миризба.

(Фото) Тетовчани го истураат отпадот пред зградата на Општината во знак на револт

еМагазин - 20.08.2017

Граѓаните на Тетово денеска во 13 часот ќе се соберат на Плоштад за да протестираат за чист воздух, бидејќи по горењето на депонијата, жителите се жалат дека во градот се чувствува неподнослива миризба.

Легнуеш у Тетоо, се будиш у Чернобил! Депонијата пак гори (ВИДЕО)

МКД - 20.08.2017

Вака по социјалните мрежи граѓаните на Тетово информираа утрово дека дивата депонија на влезот од градот повторно гори. Вчера речиси цел ден тетовци дишеа црн чад, за да при крајот на денот општинските власти соопштат дека пожарот е локализиран.

Енормно загадување во Тетово од депонијата, се докажа дека Југохром не е причината и треба повторно да се отвори

Курир - 20.08.2017

Во Тетово во 10 часот денеска е забележано енормно загадување од 225 мг/м3 иако максималната граница е 50 мг/м3. Тетово не памети вака големо загадување во лето, затоа што во летниот период секогаш е намалено загадувањето, а се зголемува во зимскиот ...

Рашковски: Некој има интерес од подметнувањето пожар во тетовската депонија

Фокус - 20.08.2017

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, тврди дека некој намерно го подметнал пожарот во тетовската депонија со цел да се одложи дислокацијата што требало да започне утре. На својот фејсбук профил, Рашковски прашува од чиј интерес е тоа.

Рашковски: На кому му е во интерес да се запали тетовската депонија, два дена пред нејзино чистење и дислоцирање?

Стандард - 20.08.2017

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски сподели дека Владата обезбедила средства за чистење и дислокација на тетовската депонија, кое ќе почне утре, но и дека некој тоа го знаел и затоа 2 дена пред да започне процесот ја запалил се со цел ...

Ѓубре пред општината, тетовци бараат чист воздух

МКД - 20.08.2017

По пожарот на дивата депонија во Тетово и дводневното загадување на воздухот во општината, денеска во организација на активистите од Еко герила се одржа протест на граѓаните против загадувањето на воздухот и неспособноста на општината да се справи ...

Арифи: Денешниот протест во Тетово е политички мотивиран

Стандард - 20.08.2017

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи одржа прес – конференција околу еден час по завршувањето на денешните протести на граѓаните пред зградата на општина Тетово поради несправувањето на локалната власт со последиците од запалената дива депонија ...

Револтот на тетовчани расне – ѓубре и смет истурија пред зградата на општината

Локално - 20.08.2017

Револтот поради големата смрдеа и густиот црн чад во кој два дена се гуши Тетово, граѓаните го истурија врз надлежните. Кеси полни со смет контејнери и јајца завршија во општинската зграда, информира Телма.

Повторно гори старата градска депонија во Кичево...

Н.Македонија - 20.08.2017

Повторно гори старата градска депонија во Кичево Два дена по ред во поладневните часови гори старата градска депонија во Кичево и, градот во двата дена е прекриен со густ чад од депонијата, која се наоѓа непосредно до градскиот стадион и населбата ...

Илиевска: Протестите во Тетово ќе продолжат додека тетовчани не ги добијат основите потреби за живот

Нетпрес - 20.08.2017

Милена Илиевска претставник на граѓанскиот сектор поточно претставник на граѓанската иницијатива ,,За почисто Тетово’’, која беше гостин на панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ, го изрази својот револт во однос на проблемот кој Општина Тетово го има со ...

Ѓорѓески: Властите да стават прст на чело и да размислат со каков проблем се соочуваат тетовчани

Нетпрес - 20.08.2017

Продолжуваат панел дискусиите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. На денешната, се говореше на тема „Тетово плаќа за неодговорноста на локалната и централната власт“, каде акцент се стави на тетовската депонија, огромен проблем со кој се соочуваат ...

Сомневања дека зад пожарот на тетовската депонија стои политиката

Нова ТВ - 20.08.2017

Тетовци истурија ѓубре пред општинската зграда извикувајќи “Еве ви го ѓубрето” и “Сакаме чист воздух”. Тие протестираа против загадувањето и црниот чад од пожарот кој гореше на дивата депонија на влезот во Тетово.

Тетовци на протест, истурија ѓубре пред Општината

Кајгана - 20.08.2017

Со извици „Еве ви го ѓубрето“, „Сакаме чист воздух“, Тетовци денеска излегоа на протест против загадувањето, откако вчера градот осамна во црн чад од пожарот кој гореше на дивата депонија на влезот во Тетово.

„Екогерила“ утре ќе протестира за депонијата во Тетово

Макфакс - 20.08.2017

Движењето „Екогерила“ ги известува граѓаните на Тетово дека во продолжение на нивната борба за почист воздух во Тетово и Полошкиот Регион в понеделник организира протест против дивата депонија.

Протест во Тетово против палењето на дивата депонија

Алсат-М - 20.08.2017

Неколку стотини жители на Тетово денеска со протест го изразија своето незадоволство од, како што рекоа, неспосбноста и непреземањето мерки од страна на локалната власт по избувнувањето на вчерашниот голем пожар на дивата депонија што ЈКП Тетово ја ...

Тетовци ќе протестираат за чист воздух

+инфо - 20.08.2017

Протестот ќе се одржи во 13 часот на плоштадот во Тетово. Членови на Фејсбук групата „Го сакам Тетово“ организира протест на плоштатот во градот на кој ќе се побара чист воздух, оти по пожарот на дивата депонија тие два дена не можат да дишат.

Тетовчани побараа оставка од Арифи и донесоа отпад пред зградата на Општината

Либертас - 20.08.2017

Протестот на тетовчани за чист воздух помина мирно, а граѓаните побраа оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Тие истурија отпад пред зградата на Општината и извикуваа „Сакаме да дишеме“ и „Еве ви го отпадот“.

Револтирани тетовци ѝ ја однесоа депонијата на Теута Арифи

Курир - 20.08.2017

Тетовци револтирани на локалната самоуправа, изутрината истурија ѓубре пред општина Тетово за и укажат на градоначалничката Теута Арифи со какви проблеми се соочуваат. Граѓаните на Тетово се жалат дека и денеска смрдеата која доаѓа од депонијата ...

Владата најави мерки за расчистување на струшката депонија

Алсат-М - 19.08.2017

Владата ќе ангажира приватна компанија која ќе почне со компресија односно преработка на отпадот од струшката депонија, изјави за Алсат- M портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Ова доаѓа откако стружани им дадоа рок од десет дена на владата и ...

Пожарот на тетовската депонија ставен под контрола

Алсат-М - 19.08.2017

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи заедно со раководителот на Територијалната противпожарна единица Ука Алити попладнево одржаа прес -конференција во близина на запалената дива депонија на влезот во гардот.

Гори тетовската депонија, ветерот го отежнува гаснењето на пожарот

МКД - 19.08.2017

Депонијата на влезот во Тетово од утрово повторно е запалена. И овој пат не се знае што е или кој е причинителот на овој пожар. Јавното комунално претпријатие на Тетово оваа депонија ја користи како претоварна станица за сметот што се собира од ...

Гори дивата депонија во Тетово, чад и смрдеа низ градот

ТВ21 - 19.08.2017

Голем пожар избувна утрово на депонијата во Тетово, а причините за тоа се уште не се познати. Пожарникарските екипи неколку часа се обидуваа да го изнаснат пожарот. Оваа депонија град Тетово во изминатите години ја користеше како претоварна станица ...

Тетовци денеска ќе протестираат за чист воздух

Либертас - 20.08.2017

Денеска во 13 часот тетовци ќе се соберат на плоштадот во градот за да протестираат за чист воздух, бидејќи по горењето на депонијата, жителите се жалат дека во градот се чувствува неподнослива миризба.