Оваа сабота изборот на нашиот предлог стајлинг се сведува на нешто помеѓу деловен аутфит и шик естетика. Затоа одбравме дводелна комбинација на одело со сако со цветен дезен и класични панталони во пудресто розова боја.
Како вчера да беше јуни, кога сите едвај чекавме да ги облечеме омилените римјанки. Сепак, есента дојде побрзо од очекуваното. Време е добро да ги спакувате сандалите и летните фустанчиња, а во преден план да ги извадите фармерките, лесните наметки, ...
Додека ревиите се случуваат на модните писти кои ги претставуваат трендовите за сезоната на потопли денови за идната година, на миланските улици може да се видат актуелните трендови за сезоната есен/зима 2017.
Веројатно меѓу најпопуларните есенски парчиња од гардероберот се гумените чизми. Ако порано беа синоним за фестивалите на отворено, веќе неколку сезони се „мејнстрим" без кој не поминува ниту една есенска сезона.
Последниот ден од работната недела и првиот од есента го резервираме за една опуштена и кул комбинација. Искинатиот џинс го комбинираме со блузичка со крагна, розова панделка и везени флорални апликации во предниот дел.
Класично парче кое е спремно за сите прилики. Оваа есен, кожното здолниште го пронашла своето место како меѓусезонско парче, но и модел кој со одговарачка облека и дебел џемпер може да го носите и во зимските денови.