„Јака Радовиш“ во првите девет месеци од годинава оствари загуба од 13 милиони денари, што е подобрување во однос на истиот период минатата година кога компанијата оствари загуба од 36,9 милиони денари.
Во првите девет месеци од годинава кратовски „Силекс“ оствари добивка од 75 милиони денари, што е драстично подобрување на резултатите во однос на истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба од 22 милиони денари.