По Франција, и Велика Британија најавува дека ќе забрани продажба на возилата со внатрешно согорување до 2040 година. На почетокот на месецот истото го најави и Франција . Велика Британија ќе отвори и фонд од 255 милиони евра за преодни мерки.
Велика Британија планира да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори од 2040 година. Тоа е дел од планот, според кој возилата со мотори со внатрешно согорување треба целосно да исчезнат од британските патишта во 2050 ...
По Франција, и Велика Британија најавува дека ќе забрани продажба на возилата со внатрешно согорување до 2040 година. На почетокот на месецот истото го најави и Франција. Велика Британија ќе отвори и фонд од 255 милиони евра за преодни мерки.
Планот беше објавен од страна на министерот за животна средина, Мајкл Гав, кој додаде дека локалните власти ќе добијат веднаш 200 милиони фунти, за да го ограничат пристапот на дизел автомобили до патните артерии со најмногу загаден воздух.