„Истрага на местото на кодирањето“ е мотото на програмерскиот маратон Codefest кој на 18-ти и 19-ти април 2015 година ќе се одржува на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Програмерскиот маратон Codefest 2015 ( http://codefest.ninja ) во партнерство со новото издание на Startup Weekend Skopје ( http://sw.mk ), ќе се обидат позитивно да влијаат на што повеќе македонски тимови кои ќе учествуваат на овие два настани.