Плетенките се хит-фризура за време на топлите летни денови, но и ноќи. Можете да ги носите за дневни прошетки, работа, кафе, вечерни излегувања, па и тогаш кога косата ќе ви ја откаже „послушноста“.
Една од асоцијациите на лето е бохо стилот, транспарентна тантела, бели парчиња, но и плетенини, особено ако се има предвид тенденцијата што ја наметнуваат модните брендови. Имено, ова не е некој нов тренд, ќе се согласите, но е сè поприсутен.