Сите граѓани што во текот на минатата година оствариле поголем приход од закупнини, авторски хонорари, па и од членувања во надзорни одбори од 1.000.000 денари, мораа да се регистрираат како обврзници на ДДВ најдоцна до 15 јануари.
Годишната даночна пријава за утврдување персонален данок на доход за 2016 година ја пополнуваат и поднесуваат сите граѓани во земјава, кои освен плата или пензија, во текот на ланската година оствариле и дополнителен приход.
Во Законот е јасно кажано по кој однос лицата кои оствариле приходи над еден милион денари во текот на една календарска година, треба да се регистрираат за целите на ДДВ, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Анастасија ...