Имам чувство дека и ние на некој начин сме запрашувани, вели Станковски. Сликарот Ацо Станковски во емисија на ТВ Алфа тврди дека Американците нè запрашувале со алуминуим. - Имам чувство дека и ние на некој начин сме запрашувани - вели Станковски.
Пропагандната перјаница на ВМРО ДПМНЕ, ликовниот уметник Ацо Станковски, кој во изминатиот период беше дел од пропагандната војска на оваа партија и и ги бранеше на секаков начин нивните политики, овојпат се надмина себеси.
Александар Станковски вечерва при неговото гостување во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ изнесе теории на заговор дека Американците прскале со кем-трејлс и алуминиум за да го смируваат народот и да го направат апатичен. – Имам чувство дека сме запрашувани.
Во секој случај тука дојде до една колизија и после тоа народот влезе во една депресија, апатија. Секое утро имаше шари на небото, најверојатно прскале со евтини седативи, сакам да кажам дека исто така делуваат на многу начини.
Александар Станковски вечерва при неговото гостување во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ изнесе теорија на заговор дека Американците прскале со кем-трејлс и алуминиум за да го смируваат народот и да го направат апатичен.