„Никаде го нема Зоран Дамјановски да каже зошто тој и СДСМ 27 години не презеле ништо во Куманово за да се справат со овој проблем. Агонијата на Кумановчани продолжува. Загадувањето во Куманово е 7 пати над максимално дозволената граница.
Куманово повторно е најзагаден град во Европа и град со најтивок и најнеодговорен градоначалник, изјави на денешната прес конференција Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.