Палмите кои неодамна беа засадени кај катедрала во Милано настрадаа во протест на десничарите кои се против „африканизација“ на овој дел од Италија. Палењето се случи по неколку часа од протестот.
За разлика од палмите во Скопје кои смрзнуваат, во Милано тие деновиве „горат“. Неодамна посадените палми во близина на Миланската катедрала беа запалени по одржувањето на националистички протест.